Home закуска Највкусни топчиња од модар патлиџан…Предјадење, прилог или вкусно мезе, ќе ве освојат...

Највкусни топчиња од модар патлиџан…Предјадење, прилог или вкусно мезе, ќе ве освојат при првиот залак…

<

Највкусни полнети топчиња од модар патлиџан

Овој рецепт за топчиња од модар патлиџан е вистинска кулинарска магија!

Со крцкава кора и мека, сочна внатрешност, овие топчиња ќе ги освојат дури и оние што не се љубители на модар патлиџан.

Едноставен, а сепак неверојатно вкусен, овој рецепт брзо ќе стане омилен на вашата трпеза. Совршени за секоја пригода – како предјадење, прилог или главно јадење, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

– 500 г модри патлиџани (2 средно големи)
– 1 лажичка сол (за отстранување на горчината)
– ладна вода (за потопување на модрите патлиџани)
– 1 врзоп магдонос
– маслиново масло (за пржење и печење)
– 2 чешниња лук
– 50 г рендан пармезан (или кашкавал по избор)
– 2 јајца
– сол (по вкус)
– црн пипер (по вкус)
– 50 г лебни трошки (презла)

ПОСТАПКА:

1. Подготовка на модрите патлиџани: Излупете ги модрите патлиџани и исечете ги на коцки. Ставете ги во сад со ладна вода и 1 лажичка сол.

Оставете ги да отстојат 10-15 минути за да се отстрани горчината. Потоа, исцедете ги и исушете ги со кујнска хартија.

2. Пржење: Во тава на средна температура загрејте малку маслиново масло. Додајте ги модрите патлиџани и пржете ги додека омекнат и добијат златна боја. Оставете ги кратко да се изладат.

3. Мелење и мешање: Во сад, со виљушка изгмечете ги пржените модри патлиџани.

Додајте ситно сечкан магдонос, ситно сечкан лук, рендан пармезан, јајца, сол и црн пипер по вкус. На крај, додајте ја презлата и добро измешајте додека да добиете хомогена смеса.

4. Формирање на топчињата: Со навлажнети раце, земајте од смесата и формирајте топчиња со големина по ваша желба. Редете ги на плех обложен со хартија за печење.

5. Печење: Премачкајте ги топчињата со малку маслиново масло. Печете во загреана рерна на 180 °C околу 30 минути или додека да добијат крцкава, златна кора.

6. Сервирање: Топчињата се вкусни и топли и ладни. Послужете ги со омилениот сос, свежа салата или како прилог на главно јадење.

Совет: За уште побогат вкус, додајте малку свеж босилек или зачин по избор во смесата. Уживајте во овој прекрасен рецепт и споделете го задоволството со вашите најблиски! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: