СОЛЕНКИ од 3 состојки…Многу вкусни, идеални за деца, се топат во уста…Фото и рецепт на Валентина Џамбазова. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
150 г мек путер (на собна Т)
180 г крем сирење
180-220 г брашно
прстофат сол или по вкус
За премачкување и посипување:
20-30 г рендан пармезан
1 жолчка од јајце
ПОСТАПКА:
Замесете меко, нелепливо тесто и развлечете го на набрашнета површина во кора со дебелина околу 5 мм.
Со калапчиња или капаче од шише вадете мали форми и наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Одозгора премачкјате со жолчка и посипшете со рендан пармезан.
Потоа плехот оставете го во фрижидер 30 минути за да се стегнат формите, па печете во загреана рерна на 190 степени 10-15 минути.
Кашкавалки: многу вкусни за вечера, појадок или закуска, потребни се 5 состојки и 20 минути