Кога и да имам компири дома, не пропуштам да го направам овој рецепт…Само 3 состојки, а толку вкусно јадење…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (количина за една голема полнета питулица за едно лице, а вие зголемете ги состојките по потреба, односно за колку лица сакате да подготвите):
1 голем компир, варен
1 лажица растопен путер
2 лажици брашно
сол по вкус
100 г рендан кашкавал
ПОСТАПКА:
Испасирајте ги компирите и додајте путер и брашно. Посолете по вкус и замесете компактно меко тесто. Намастете парче фолија и со дланка сплескајте го пирето.
Во средината ставете рендан кашкавал, па со подигање на фолијата од сите 4 страни преклопете го какавалот и обликувајте квадрат или коцка.
Пржете во умерено загреано масло додека да зарумени од сите страни. Постапката можете да ја погледнете ОВДЕ:
https://www.facebook.com/share/v/19aFtgJGF5/?mibextid=UalRPS