Модрите патлиџани не ги пржам, туку ги печам во рерна…Многу вкусно јадење, прсти да излижеш.
Понекогаш ги полнам со мелено месо, некогаш со сечкани домати помешани со сирење, а овојпат ги наполнив со печурки. Пробајте, нема да се покаете. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 модри патлиџани
3 лажици масло
1 лажичка црвен пипер
сол, црн пипер и оригано по вкус
2 чешниња лук, рендани
1 главица кромид
1 пиперка
печурки количина по избор
пармезан или рендан кашкавал за одозгора
ПОСТАПКА:
Патлиџаните исечете ги на половина, а во средината засечете ги со дијагонални и попречни линии. Измешајте го маслото со зачините и ренданиот лук, па испечете го 20-25 минути во загреана рерна на 180 степени.
За тоа време испржете ситно сечкан кромид, пиперка и печурки. Зачинете по вкус и динстајте додека да испари вишокот течност.
Наполнете ги патлиџаните со филот и одозгора посипете рендан кашкавал. Допечете ги уште 10 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.