Ги направив за појадок и сите беа воодушевени од вкусот…Најбрзиот ПОЈАДОК…Лесно и многу вкусно пржено тесто…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
2 јајца
1,5 чаши топло млеко
1 кесичка прашок за печиво
1 морков, рендан
1 компир, рендан
1 тиквичка, рендана
1 лажичка сол
1 китка магдонос
1 чинија чедар кашкавал или урда
2,5 чаши брашно
ПОСТАПКА:
Со жица маталка изматете ги јајцата и соединете ги со сите наведени состојки. На крај постепено додајте го брашното и мешпајте додека да добиете компактно полутечно тесто.
Во широка и нелеплива рава загрејте малку масло на умерена температура. Со кутлача црпете од тестото и разлевајте врз тавата во вид на питулици.
Кога ќе зарумени од долната страна, дури тогаш превртете ја питулицата и пржете додека да зарумени и од другата страна. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/2wp2Q04fqns?si=_yjNPf5tboVTA9PQ