Од баба ми го научив овој рецепт…Највкусната вечера со компир…Прсти да излижеш…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 големи компири, сол, црвен пипер, масло
4 јајца
200 г кисела павлака
5 шери доматчиња, ситно сечкани
1 врзоп млад кромид, ситно сечкан
сол, црн пипер
50-70 г рендан кашкавал/моцарела
ПОСТАПКА:
1.Компирите исечете на тенки тркалца и потпржете ги на малку масло додека да заруменат, 5-7 минути од едната страна и уште толку од другата. Зачинете ги по вкус.
2.Јајцата помешајте ги со сечканиот зеленчук и киселата павлака, па зачинете по вкус. Смесата сипете ја врз пржените компири.
3.Поклопете со капак и печете на најтивок оган 15 минути. Потоа превртете и посипете рендан кашкавал и магдонос по желба.
Печете уште 5 минути под капак. Постапката погледнете ја ОВДЕ.