Ако имате тиквички направите го овој рецепт…Никогаш не сум јадела нешто толку вкусно…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 тиквички
маслиново масло
сол, црн пипер
4 јајца
1 лажичка шеќер
60 мл масло
100 мл млеко
120 г брашно
11 г прашок за печиво
1 среден компир
1 кромид
2 лажици рендан пармезан
5 лажички крем сирење
пармезан за посипување

ПОСТАПКА:

1.Исечете ги тиквичките на тенки ленти (на ренде-мандолина). Сипете ги сите одеднаш во широка тава со малку маслиново масло, посолете и запиперете, па гответе на умерена температура 2 минути под капак.

2.Јајцата изматете ги со малку сол и црн пипер, шеќер, масло и млеко. Додајте брашно и прашок за печиво, па изматете да нема грутчиња.

3.Додајте рендан компир (исцеден низ раце од сокот), ситно сечкан кроми, тиквичките и пармезанот. Смесата сипете ја во намастен огноотпорен сад.

4.На неколку места одозгора ставете крем сирење и посипете пармезан. Печете 40-45 минути во загреана рерна на 180 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.