Едноставен летен ручек…Печен зеленчук со нешто што имате во фрижидер…Денес јас имав колбаси, а вие моѓете да исечкате парче сувомеснато какво имате. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
400 грама пиперка
250 грама модар патлиџан
350 грама тиквички
100 грама моркови
4 до 5 чешниња лук
200 грама кромид
1 лута пиперка (халапено)
1 лажичка сол
4 лажици маслиново масло
црн пипер
100 грама пасирани домати (доматно пире)
1 лажичка мајчина душица (може да користите и сува мајчина душица или оригано)
колбаси или сувомеснато по желба
ПОСТАПКА:
1.Сиот зеленчук исечкајте го на коцки и зачинете го. Намастете го огноотпорниот сад 36х24 см и сипете го зеленчукот. Покријте со парче хартија за печење, претходно натопена во вода и изгужвана (за да омекне).
2.Печете 35 минути во загреана рерна на 220 степени. По изминатото време извадете ја хартијата, промеѓајте го зеленчукот и додајте ги сечканите колбаси. Печете уште 15 минути со вентилатор. Постапката погледнете ја ОВДЕ.