Home закуска БРЗИ ПРОИЧКИ…Меки како души, дури си се завртел, се изеле….

БРЗИ ПРОИЧКИ…Меки како души, дури си се завртел, се изеле….

БРЗИ ПРОИЧКИ…Меки како души, дури си се завртел, се изеле….Одлични за појадок, вечера или како закуска…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл):

1 чаша бело брашно
1 чаша пченкарно брашно
1 чаша течен јогурт
1/2 чаша масло
3 јајца
1 кесичка прашок за печиво
1/2 лажичка сол
250 г ситно сирење

ПОСТАПКА:

1.Сите состојки изматете ги со жица додека да се соединат и да нема грутчиња. Пред крајот додајте ги солта и прашокот за печиво. Потоа додајте го сирењето и промешајте.

2.Со смесата полнете ги калапите за мафини, претходно намастени, посипете сусам, па ставете да се печат 10 минути во загреана рерна на 180 степени и уште 5 минути на 200 степени.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.