НАЈУБАВИОТ ЦАРСКИ СОЛЕН РОЛАТ…Толку многу е вкусен што сите ќе ви бараат рецепт…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца
100 мл масло
100 мл течен јогурт
200 г ситно сирење
100 г ситно сечкан спанаќ
7 листови готови кори

За фил:
3 лажици крем сирење
150-200 г кисела павлака
200 г шунка на листови

ПОСТАПКА:

1.Пенасто изматете гу јајцата, па додајте ги по ред сите наведени состојки. промешајте за да се изедначи смесата. Плех со димензии 45х33 см обложете го со хартија и намастете го.

2.Поставете ја првата кора и распоредете 1-2 лажици фил. Поклопете со друга кора и продолжете го редењето додека да ви се потроши материјалот.

3.Печете во загреана рерна на 200 степени, 15-тина минути. Преку печената кора ставете влажна (исцедена) крпа, внимателно свиткајте сосе хартијата и оставете така да се лади и да омекне, за да може полесно да се витка.

4.Потоа одвиткајте ја кората, преку цела површина премачкјате ја со мешавина од крем сирење и киселата павлака, па наредете листови шунка. Внимателно свиткајте го ролатот.

5.Ролатот свиткајте го во фолија и оставете го преку ноќ во фрижидер. Следниот ден сечете го и послужете го. Постапката погледнете ја ОВДЕ.