Подобро од пица…Изрендајте 3 компири…Лесно, евтино и многу вкусно со состојки кои веќе ги имате в кујна…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 компири
1 главица кромид
3 лажици масло (20 мл)
1 морков
1 црвена пиперка
1 лажичка сол, 1 лажичка црн пипер
3 јајца
1.5 чаша млеко (300 мл)
2 чаши брашно (240 г)
4 домати
магдонос, 1 китка млад кромид
150 г рендан кашкавал/чедар

ПОСТАПКА:

1.Изрендајте ги компирите, потопете ги во ладна. вода и оставете ги 15 минути. на малку масло пропржете го кромидот, потоа додајте рендан морков, а потоа ситно сечкана пиперка. Посолете и запиперете па тргнете настрана.

2.Процедете го ренданиот компир (истискајте го низ раце) и помешајте го со динстаниот зеленчук. Додајте ситно сечкан млад кромид и промешајте.

3.Во посебен сад изматете ги јајцата и помешајте ги со млекото и брашното, да добиете мазна смеса без грутчиња. Сипете ја во зеленчукот и промешајте.

4.Целата смеса распоредете ја во големиот плех од рерна претходно обложен со хартија и одозгора малку намстена. Печете во загреана рерна на 200 степени, 35 минути.

5.Извадете ја пицата од рерна, наредете тркалца домати, посипете магдонос, а најодозгора распоредете рендан кашкавал. Допечете уште 15 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.