Вкусен ручек со тиквички за 30 минути…Комбинацијата од тиквички потпечени во рерна е многу вкусна. Запишете си го овој рецепт. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 тиквички, исечени на коцки или тркалца-половинаки
2 главици кромид, сечкани на коцкички
сол, црн пипер, куркума во прав
1 рака спанаќ, ситно сечкан
3 чешниња лук, ситно сечкани
3 јајца
100 г рендан кашкавал
ПОСТАПКА:
1.Во еден сад помешајте ги тиквичките и кромидот, зачинете, промешајте, па распоредете во плех обложен со хартија за печење.
Печете во загреана рерна на 200 степени, 20 минути. Потоа извадете ги во посебен сад.
2.Во посебен сад измешајте го магдоност, лукот и јајцата, па посолете и запиперете. Смесата сипете ја во тиквичките и промешајте.
3.Половина од смесата сипете во намастен огноотпорен сад со средна големина. Одозгора посипете половина од кашкавалот, а врз него сипете ја втората половина од тиквичките.
4.Одозгора посипете го остатокот од кашкавалот и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 15 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.