Не знаете дали има поубав изглед или вкус…РОЛАТ СО ТИКВИЧКИ филуван со шунка и крем сирење…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 средни тиквички
5 јајца
5 лажици пармезан / рендан кашкавал
сол по вкус
маслиново масло
свеж магдонос
250 г крем сирење
200 г шунка

ПОСТАПКА:

1.Тиквичките изрендајте ги, малку посолете ги, промешајте и оставете ги 10-тина минути, па низ раце исцедете го вишокот течност. Јајцата изматете ги со пармезан и свеж магдонос.

2.Додајте ги ренданите тиквички и целата смеса распоредете ја врз плех 30х40 см обложен со хартија за печење што сте ја премачкале со масло.

3.Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени 25 минути.

4.Кога ќе се испече, кората за ролатот поставете ја врз проѕирна фолија, премачкајте ја со крем сирење, наредете ги листовите шунка, па свиткајте ја во ролат и завиткајте ја во фолија.

5.Ролатот ставете го во фрижидер да се стегне најмалку 2 часа, пред да ја извадите фолијата. Постапката погледнете ја ОВДЕ.