Најмеките мафини…1 тиквичка, 1 компир, 2 јајца…БРЗО И ЛЕСНО. Ако сакате брз и многу вкусен оброк, тогаш запишете си го рецептот. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 тиквичка
1 компир
3 лажици гриз
50 мл млеко
50 г рендан кашкавал
2 јајца
2 лажици масло
1 лажица прашок за печиво
70 г брашно
сол по вкус
копар и магдонос

ПОСТАПКА:

1.Изрендајте ја тиквичката посолете ја и оставете ја настрана 5-10 минути. Потоа добро истискајте ја од сокот. Додајте гриз и млеко, промешајте и оставете настрана да отстои 10-15 минути.

2.Изрендајте го компирот и истискајте го од сокот. Додајте го во мешавината заедно со рендан кашкавал, масло и пенасто изматени јајца. Промешајте.

3.Брашното помешајте го со прашокот за печиво и додајте го мешавината. Сето добро изедначете го, да нема грутчиња.

4.Калапите намастете ги и наполнете ги со смесата. Мафините печете ги во загреана рерна на 180 степени, 20 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/izY0z109APc?si=YUIhNoJ34VGrZbgO