Home закуска Сите го бараат рецептот за овој прочуен говедски гулаш…многу вкусно јадење, прсти...

Сите го бараат рецептот за овој прочуен говедски гулаш…многу вкусно јадење, прсти да излижеш…

Сите го бараат рецептот за овој прочуен говедски гулаш…многу вкусно јадење, прсти да излижеш…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

800 г јунешка плешка, месото исечено на коцки
2 главици кромид, ситно сечкани
4 чешниња лук, ситно сечкано
1 домат, сечкано
1 свежа пиперка, сечкано
зачини: ким, ловоров лист, сол, црн и црвен пипер (2 лажички), димен црвен пипер во прав (1 лажичка)
1 лажица доматна паста

ПОСТАПКА:

1.На малку масло пропржете го кромидот, па додајте го лукчето. Кога кромидот ќе омекне и застакли додајте го месото и продолжете со пржење уште 5-10 минути.

2.Додајте ги зачините и една чаша вода, промешајте, поклопете и динстајте на тивок оган (намалете откако ќе зоврие) следните два часа.

3.Потоа додајте го доматот и пиперката, сипете половина чаша вода и промешајте. Поклопете и продолжете со динстање уште еден час.

4.Кога јадењето е речиси при крај, додајте една лажица доматна паста. Промешајте и динстајте уште 1-2 минути, па вашето јадење е готово. Послужете со тестетени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.