Home закуска Практични и лесни СУСАМ ТОПЧИЊА за секој ден…многу се вкусни…

Практични и лесни СУСАМ ТОПЧИЊА за секој ден…многу се вкусни…

Практични и лесни СУСАМ ТОПЧИЊА за секој ден…многу се вкусни…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл, мала чајна чаша од 125 мл):

125 г омекнат путер или маргарин
1 јајце
1 мала чајна чаша масло (125 мл)
2 рамни лажици шеќер во прав
1,5 лажици јаболков оцет
1 лажичка сол
1/2 кесичка прашок за печиво
3,5 чаши брашно

За натопување и валање:
2 лажици меласа од грозје (маџун)
Помалку од половина чајна чаша вода
печен сусам за валање

ПОСТАПКА:

1.Омекната маст, маслото, јајцето, оцетот, шеќерот во прав, солта и прашокот за печиво на собна температура измешајте ги во садот за месење.

<

2.Со контролирано додавање на брашно замесете тесто кое не се лепи, но лесно се обликува.

3.Кинете мали парчиња од тестото, обликувајте ги во топчиња и оставете ги настрана.

4.Измешајте ги меласата и водата во еден сад а во друг сипете го печениот сусам.

5.Топчињата најпрво потопувајте ги во вода со меласа, а потоа во сусам и наредете ги во плех обложен со хартија за печење, на соодветно растојание.

6.Печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.