ВКУСНИ МАКАРОНИ – Рецепт лесен како песна…Вака ме научи баба ми…Прсти да излижеш…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 г макарони
5 јајца
сол по вкус
1/2 китка магдонос
1/2 китка зелен млад кромид
1 голем домат
100 г рендан кашкавал
2 супени лажици кисела павлака
масло
1 мала конзерва грашок
ПОСТАПКА:
1.Во тенџере ставете 1 литар вода да зоврие. Сипете лажичка сол, а во врелата вода сипете ги тестенините и гответе ги „ал денте“ според инструкциите на амабалажата.
2.Во подлабок сад изматете ги јајцата со прстофат сол и додајте го ситно сечканиот зеленчук. Додајте кисела павлака и сето добро изедначете го.
3.Во тава сипете малку масло и додајте ги процедените макарони.
4.Одозгора рамномерно распоредете го јајцата со зеленчукот.
5.Ставете на умерено ниска температура да се зготват макароните, под капак.
6.По изминатото време, кога макароните ќе се потпечат од долната страна, превртете ги со помош на голема чинија.
7.Грашокот испасирајте го и распоредете го одозгора, а врз грашокот распоредете го ренданиот кашкавал.
8.Поклопете и продолжете со готвење уште 7-10 минути. Послужете со ситно сечкан магдонос. Постапката погледнете ја ОВДЕ.