ВКУСЕН ПОЈАДОК со спанаќ за 5 минути…Многу вкусно и здраво. Можете да го послужите како лесен оброк или како закуска…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл, мала чаша од 100 мл):
2 јајца
1 чаша млеко (200 мл)
1/2 мала чаша масло (50 мл)
1-1.5 чаша брашно
2 лажици палента (опционо)
1 кесичка прашок за печиво
1 рака спанаќ
1 чаша (чедар) рендан кашкавал
сол, црвен пипер
1-2 раце ситно сечкан спанаќ, посолен и истискан со рака за да омекне
ПОСТАПКА:
1.Во соодветен сад за матење скршете ги јајцата и додајте масло, млеко, брашно и прашок за печиво. Добро измешајте за да нема грутчиња.
2.Додајте ситно сечкан спанаќ, рендан кашкавал и зачини по вкус. Промешајте.
3.Смесата можете да ја печете во загреана рерна на 200 степени, во сад обложен со хартија и малку намастен, или пак, да ја испечете во тава под капак, на следниот начин:
Сипете ја смесата во намастена и загреана тава на умерено ниска температура. Поклопете и печете неколку минути (12-13 мин) додека долната страна да зарумени.
Превртете ја питата со помош на друга (намастена) чинија и испечете ја уште неколку минути (6-7 мин) и од другата страна (без капак). Послужете топло. Постапката погледнете ја ОВДЕ.