МУХАЛЕБИ КАДАИФ: Кремаст десерт со неодолив крем…за 15 минути е готов и после ќе ви остане само да го оладите во фрижидер 3 часа…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 г печен кадаиф
2 лажици путер
4 супени лажици шеќер
1 филџан за кафе крупно сечкани ореви или лешници

За крем (чаша од 200 мл):
1 литар млеко
1 чаша шеќер или по вкус
3 супени лажици скроб
4 лажици брашно
1 чаша слатка павлака
1 кесичка ванилин шеќер

ПОСТАПКА:

1.Кадаифот искршете го со раце поситно.

2.Во тава растопете го путерот и пропржете го кадаифот 2-3 минути на умерена температура со непрекинато мешање. Додајте го шеќерот и мешајте додека да се растопи.

3.Потоа додајте ги сечканите ореви, мешајте 1-2 минути и тргнете настрана.

4.Во тенџере измешајте шеќер, брашно, скроб и млеко, па варете на оган со непрекинато мешање додека смесата да згусне.

5.Оставете да се олади, па додајте ја течната павлака и изматете со миксер додека да добиете фин крем.

6.На дното од калап со средна големина распоредете половина од кадаифот, да биде покриено дното. Одозгора рамномерно распоредете го кремот.

7.Врз кремот сипете ја втората половината од кадаифот и убаво израмнете.

Колачот оставете го во фрижидер најмалку 3 часа, па послужете го. Постапката погледнете ја ОВДЕ.