Home Uncategorized Охридска баклава со мак што се топи во уста – старински рецепт...

Охридска баклава со мак што се топи во уста – старински рецепт што мириса на детство

охридска баклава

Стариот охридски рецепт за баклава со мак повторно е хит

Мириса на детство: Традиционална охридска баклава што освојува на прв залак

Охридска баклава со мак – старински рецепт што мириса на детство и домашна топлина

Мека, сочна и миризлива, оваа традиционална охридска баклава со мак е еден од оние рецепти што се паметат цел живот.

Комбинацијата од крцкави кори, богат фил со афион и суво грозје, како и лесниот сируп со допир на лимон, создава десерт кој станува уште повкусен следниот ден.

Совршен избор за семејни собири, празнична трпеза или домашно уживање со кафе и чај, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

охридска баклаваохридска баклава

Потребни состојки

За баклавата:

* 5 јајца
* 10 лажици шеќер
* 200 мл течен јогурт
* 200 мл масло
* 300 г мелен афион (мак)
* 1 кесичка ванилин шеќер
* 1 кесичка прашок за печиво
* малку цимет по вкус
* 500 г готови кори за пита
* 70 г суво грозје
* НМД

За сирупот:

* 1 литар вода
* 100 г шеќер (или повеќе по вкус)
* малку сок од лимон
* 2-3 лажици мед (по желба)

охридска баклаваохридска баклава

Постапка

Во длабок сад со миксер изматете ги јајцата со шеќерот додека смесата да згусне, да стане светла и да го зголеми волуменот.

Додајте го течниот јогурт и промешајте со жица. Потоа сипете го маслото и повторно измешајте. Додајте го мелениот афион, ванилиниот шеќер, прашокот за печиво и малку цимет. Мешајте додека да добиете изедначена смеса.

Сувото грозје потопете го во топла вода, сок или рум и оставете го околу 10 минути да набабри, а потоа добро исцедете го.

Намастете плех со димензии 22х35 см. Ставете една кора така што половина да биде во плехот, а другата половина да виси надвор.

Делот што е во плехот премачкајте го со 2 до 2,5 лажици од филот, па преклопете ја и надворешната половина врз филот и повторно премачкајте.

Следната кора поставете ја на ист начин, но од спротивната страна. Продолжете наизменично со редење и премачкување. На секој втор слој додајте неколку зрна суво грозје.

Постапката повторувајте ја додека да ги потрошите сите кори и целиот фил. На крај завршете со 2 кори.

Исечете ја баклавата на коцки или ромбови и печете ја во претходно загреана рерна на 180 степени околу 30 минути, односно додека убаво да порумени.

Подготовка на сирупот

Во тенџере сипете вода и шеќер, па варете додека шеќерот целосно да се раствори. Додајте малку сок од лимон и оставете сирупот да врие уште неколку минути.

Оставете сирупот кратко да се излади, па врелата баклава прелијте ја со млак сируп. По желба, за дополнителна сочност, прелијте ја со неколку лажици мед.

Оставете ја баклавата добро да го впие сирупот. Најдобро е да отстои најмалку 2 часа, а уште повкусна е ако се остави преку ноќ.

Совети за совршена охридска баклава

* Колку подолго стои, толку е повкусна и посочна.

* Афионот дава богат вкус и арома која потсетува на традиционални домашни десерти.

* Одлично се комбинира со кафе, чај или домашен сок.

* За поинтензивен вкус може да додадете рендана кора од лимон или портокал.

* Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: