ЌОФТЕ НА ТАВЧЕ: во сос од кромид…традиционално македонско јадење – прсти да излижеш! Еве што ви е потребно според рецептот на Ружица:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 кг кромид
4-5 чешниња лук
3 ловорови листови
1 лажичка црвен пипер во прав
1/2 лажичка толчен црвен пипер/буковец/чили
сол и црн пипер во прав по вкус
За ќофтиња:
600-700 г мелено месо
2 помали компири, сварени
1/2 главица кромид, рендан
1 чешне лук, рендано
сол и црн пипер по вкус
ситно сечкан магдонос по желба
ПОСТАПКА:
На масло пропржете го кромидот исечен покрупно. Динстајте со постојано мешање додека да испари течноста. Додајте ловоров лист и лук исечкан на листови, па зачинете по вкус.
Кога ќе забележите дека кромидот почнал да се карамелизира, додајте црвен пипер, прете уште некоја минута, па тргнете настрана.
Во длабок сад измешајте го меленото месо со испасираниот компир и сите останати состојки, па убаво измесете го со рака за да се изедначи. Смесата можете да ја подготвите и претходно, па ќофтињата да ги испржите кога сосот од кромид ќе биде при крај.
Обликувајте ги ќофтињата и кратко запржете ги на масло. Смесата од кромид распоредете ја на дното од огноотпорен сад, а врз неа распоредете ги ќофтињата. печете во загреана рерна на 190 степени приближно 1 час.
Послужете со варен ориз како прилог или со домашно печено лепче. Нека ви е на здравје! Рецепт на Ружица / Сооlinarika.сom