ХИТ ВО МОЕТО СЕМЕЈСТВО – ПОДОБАР ВКУС ОД ПИЦА…Секогаш кога ги правам сите се многу возбудени, а нема ништо полесно и побрзо од овој рецепт!

Кога станува збор за семејните оброци, често е предизвик да се најде јадење во кое секој може да ужива. Но, што ако ви кажеме дека има рецепт кој не е само вкусен, туку и хранлив?

Испробајте го и вие ова многу вкусно јадење, за кое веруваме дека и вам многу ќе ви се допадне. Многу е подобро од вообичаената пица!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 тиквичка:
сол
3-4 лажици мелени овесни снегулки
100 г рендан кашкавал
2 јајца
црн пипер по вкус:
млади зелени перца или свежи билки по вкус

ПОСТАПКА:

Изрендајте ја тиквичката посолете ја и ставете ги во цедалка. Оставете да отстои 10-тина минути, а потоа добро исцедете ги за да се отстрани што повеќе преостанатиот сок.

Во подлабок сад измешајте ги исцедените тиквички, овесните снегулки, ренданиот кашкавал, јајцата, црниот пипер и сечканиот млад кромид или власец. Измешајте ги сите состојки добро додека да се соединат.

Смесата е готова. Можете да ги наполните намастените калапчињата (какви имате), а можете да ја испечете и целата смеса одеднаш, во плех обложен со хартија за печење и малку намастен, а подоцна да сечете помали парчиња по желба.

Загрејте ја рерната на 180°C (360°F).

Печете 20-30-тина минути или колку што е потребно за убаво да зарумени. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.