Home Десерти Десерт за 5 минути…Ќе го правите овој колач секој ден – Многу...

Десерт за 5 минути…Ќе го правите овој колач секој ден – Многу вкусно

Десерт за 5 минути…Ќе го правите овој колач секој ден – Многу вкусно! Додека се свртиш и веќе го нема, секој се враќа за по уште едно парче…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца
120 г шеќер
1 прстофат сол
120 мл масло
120 мл млеко
200 г брашно
12 г прашок за пециво
30 г какао во прав
2 лажици млеко
малку кафе или лажичка инстант кафе
чоколадни трошки/капки

ПОСТАПКА:

1.Пенасто изматете ги јајцата со шеќер, ванила и прстофат сол.

2.Кога смесата ќе згусне додајте масло и млеко и сето убаво изедначете го. Во течната мешавина додајте го просеаното брашно помешано со прашокот за печиво.

<

Добро измешајте за да добиете мазна смеса без грутчиња.

3.Поделете ја на два дела, па во едниот дел додајте какао во прав, малку млеко и една лажичка инстант кафе за вкус. Добро промешајте за да се изедначи.

4.Обложете или намастете калап 18х27 см, па сипете ја светлата смеса и израмнете. Потоа правејќи шари сипете ја и кафеавата смеса.

5.Со лажичка поминете низ смесата за да се направат уште повеќе шари и да се добие мраморен ефект.

6.Одозгора посипете со чоколадни капки.

7.Ставете да се пече во загрена рерна на 180 степени, 35 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.