ПОСЕН СОЛЕН РОЛАТ: Богат вкус, а кога ќе се пресече изгледа величествено…Одличен за слави и празници! Уште еден одличен рецепт од кујната на Аурора кој нема да се покаете ако го направите. Многумина го испробаа и се воодушевија.
Од малку состојки се добива еден навистина многу вкусен и декоративен ролат, кој може да биде посен или мрсен, но некоја разлика во вкусот нема. Гостите се секогаш презадоволни…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
8 полни лажици брашно
14 г прашок за печиво
150 мл масло
1 лажичка сол
250 мл газирана вода
ситно сечкан спанаќ, 2-3 полни раце
9 листови тенки кори за пита
за фил:
1 страк праз
450 г свежи печурки
3 лажици посен мајонез за премачкување
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад сипете го брашното, солта, прашокот за печиво и маслото. Сипете половина од газираната вода додека мешате со рачна маталка, а остатокот додавајте го постепено.
Изматете добро за да нема грутчиња, а тестото треба да биде малку погусто од она за палачинки. Во смесата додајте ситно сечкан спанаќ, количина по желба, па промешајте.
Големиот плех од рерна намастете го и обложете го со хартија за печење, па ставете две кори за почеток (затоа што се тенки), па премачкјате ги со лажица-две од филот (со кујнска четка).
Постапката на редење продолжете ја, кора-фил, додека да ги наредите сите кори. На средина можете да ставите и лажица-две ајвар, за да добиете шарена боја.
Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Кога ќе ја ставите последбата кора премачкајте ја одозгора со остатокот од филот и печете ја 15-20 минути додека да зарумени.
ФИЛ: ситно исечкајте ги празот и печурките, па испржете ги додека да омекнат и да испари вишокот течност. Посолете, запиперете и зачинете по вкус.
Печената кора извадете ја од рерна и покријте ја со мокра крпа (натопена во ладна вода и добро исцедена), па оставете да се олади.
Оладената кора извадете ја врз парче пластична фолија или хартија, па преку цела површина премачкјате ја во тенок слој со посен мајонез.
Потоа рамномерно распоредете го оладениот фил од печурки.
Внимателно свиткајте го ролатот, завиткајте го во фолијата и оставете го во фрижидер преку цела ноќ. Следниот ден е цврст и многу убаво се сече на тенки парчиња. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.