Home закуска Мали питички со сирење како пирошки кои се прават со готови кори…Одлична...

Мали питички со сирење како пирошки кои се прават со готови кори…Одлична закуска!

Мали питички со сирење како пирошки кои се прават со готови кори – одлична закуска! Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

500 г тенки кори за пита
250 г сирење
2 јајца
малку масло
и уште 100 мл за пржење (опционо)

Постапка:

1.Изматете ги јајцата со сирењето во пенаста смеса. Ако не е доволно компактна, додајте малку масло. Филот можете да го приготвите и според ваш вкус.

2.Корите за пита пресечете ги по должина на половина и филувајте ги.

3.Целата кора премачкајте ја по целата должина со фил од сирење. Свиткајте ги краевите убаво, за да не истекува филот, па свиткајте како ролничка.

4.Загрејте го маслото и пржете ги питичките од двете страни додека да заруменат.

5.Можете да ги печете во рерна во плех со хартија за печење, премачкани со малку масло.

Послужете со јогурт.