Дали имате СОДА? Рецептот го научив во еден скап ресторан, ги изненади сите мои гости!Ниту еден ПРАЗНИК не поминува без нив…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 главица кромид
1 морков
350 г зелка
2 јајца
400 мл кефир/јогурт
1/2 лажичка сода бикарбона
400 г брашно
сол и црн пипер по вкус
ПОСТАПКА:
Издинстајте го ситно сечканиот кромид 2-3 минути, додајте рендан морков и ситно сечкана зелка, па динстајте 3-4 минути додека сето да омекне. Посолете и запиперете, па продолжете со динстање на ниска температура уште 10 минути.
Кефирот (јогуртот) активирајте го со половина лажичка сода бикарбона и помешајте го со две изматени јајца. Посолете по вкус (1 лажичка). Додајте го брашното, помешајте, а потоа додајте го и издинстаниот зеленчук.
Изедначете ја смесата. Со намастена лажица црпете и спуштајте во тава со малку масло загреано на умерена температура.
Пржете по неколку минути од двете страни додека да добие убава румена боја. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.