СЛАТКИ ПОСНИ КИФЛИЧКИ СО ПИВО: Рецепт за феноменален десерт…Многу лесна и едноставна подготовка, секој може да ги направи. Одлични се за време на пост, но ние сакаме да ги јадеме преку целата година. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
350 мл масло
350 мл пиво
брашно по потреба
12 г прашок за печиво

за фил:
100 г јатки ореви

За сируп:
300 г шеќер
10 г ванилин шеќер
300 мл вода

за валање на кифличките:
300 г мелени ореви

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад измешајте ги маслото и пивото, па започнете постепено да додавате брашно помешано со прашок за печиво. Замесете меко и нелепливо тесто. Изработете го неколку минути на работна маса за да добие еластичност.

Потоа оставете го 10 минути да одмори. Поделете го на три дела, а потоа секој дел на половина. Развлечете тенка кора и исечете ја на триаголници (12) за мали кифлички.

На секој триаголник ставете парче орев и свиткајте во кифличка. Кифличките редете ги во плех обложен со хартија и печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, 20 минути.

За сируп: во тенџере ставете вода, шеќер и ванила и растопете на оган, 5 минути. Испечените кифлички спуштајте ги во топлиот сируп кратко колку да се натопат.

Вадете ги со решеткава лажица и валајте ги веднаш во мелени ореви.

Сладете се во предобриот вкус. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.