Ручек за добри два дена…МАКЕДОНСКО ЌОФТЕ во доматен сос Многу вкусно јадење…Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
500 г мелено месо
1 голема главица кромид
Сол, црн пипер
½ лажичка мелен ким
½ лажичка мелена лут пипер (чили) или црн пипер
1 лажица сечкан магдонос
За сос:
500 г доматен сос/ домати од конзерва
1 чешне лукче или повеќе
1 лажичка мелен лут пипер (чили) или црн пипер
1 лажичка коријандер
Сол, црн пипер
Постапка:
Кромидот исечкајте го ситно или изрендајте го, па пропржете го на масло да застакли.
Во длабока чинија ставете го меленото месо, додајте го динстаниот кромид и зачините. Сето убаво изедначете и оставете половина час во фрижидер.
Потоа обликувајте мали топчиња и пржете ги во загреано масло.
Ќофтенцата вадете ги на чинија, а во истото масло пропржете ситно сечкано лукче, додајте коријандер во зрно, мелена лута пиперка и сечкани домати од конзерва.
Сето гответе го 10-тина минути додека да згусне сосот. Ставете ги ќофтињата во сосот и гответе уште неколку минути.
Посипете сечкан магдонос и послужете топло.