Кога сопругот остана без работа, многу се посвети околу домашните обврски, како готвење и чистење. Порано ги делевме обврските, но бидејќи сега е послободен, ме поштедува од готвење и секогаш ме изненадува со некое вкусно јадење.

Вчеравечер, кога се вратив од работа, уште од прагот се чувствуваше прекрасен мирис на некое топло јадење.

Веднаш го прашав сопругот што подготвил, а тој ми ја покажа оваа прекрасна пита. Од самиот изглед ми проработеа густаторните папили, а кога ја пробав без воодушевена од вкусот.

Рецептот е всушност многу лесен, сопругот ги следел инструкциите од јутјуб и така ја подготвил. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 компири (околу 300 г), 1 китка магдонос, 3 јајца, снегулки од чили пиперка, црн пипер, 2 лажици пченично брашно, 1 лажиче сол, масло или путер за пржење, околу 150 г кашкавал (по ваш избор, кашкавалот треба добро да се растегнува).

ПОСТАПКА:

Компирите измијте ги под млаз вода, излупете ги и отсечете ги доколку имаат оштетени делови. Избришете ги ако се мокри, па изрендајте ги на најкрупната страна од рендето. Складирајте ги компирите во подлабок сад и прелијте ги со ладна вода.


Додека ги чекате компирите, ситно исечкајте 1 китка магдонос. Ставете го магдоносот во подлабок сад, па скршете три јајца, на собна температура.

Зачинете со сол, црн пипер и лута или блага црвена зачинска пиперка. Измешајте сѐ заедно. Исцедете ги добро компирите од водата, па измешајте ги со брашното.




Потоа, додајте ги компирите во смесата со јајца и магдонос и сѐ заедно измешајте во еднолична смеса. Во нелепливо тавче загрејте малку масло или путер, па излејте половина од смесата и распоредете ја низ целото тавче, како за палачинка.



Оставете ја смесата да фати коричка, а во меѓувреме исечете го кашкавалот на тенки листови. Наредете го кашкавалот преку смесата.

Почекајте малку кашкавалот да се растопи, па врз него излејте ја преостанатата смеса. Покријте со капак и гответе на среден оган 15 минути.


Кога првата страна ќе фати коричка, со помош на голема чинија превртете на втората страна и гответе уште 7 минути. Питата треба да добие златна боја. Послужете ја веднаш додека е топла. Деталите погледнете ги ОВДЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=GqB6nIs3A1I&t=194s