Ако се двоумевте што да зготвите за денешниот ручек, еве една одлична идеја за вас! Со само неколку едноставни намирници може да приготвите многу вкусно јадење за само неколку минути. Целото семејство ќе биде воодушевено, и верувајте, наскоро повторно ќе го правите. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 големи компири, 1 китка магдонос, 3 јајца, 5 г црвена зачинска пиперка (1 лажичка), 5 г црн мелен пипер (1 лажичка или по вкус), 5 г сол (1 лажичка или по вкус), 100 г тенки листови чедар кашкавал (или рендан), малку маслиново масло

ПОСТАПКА:  Изрендајте ги на крупно ренде или уште подобро доколку имате „сечко“ со чија помош ќе ги исечете на тенки долгнавести лентички.

Прелијте ги со ладна вода за да се исперат од скробот. Оставете ги 3 минути.

За тоа време измијте го магдоносот, отсттранете му ги дршките, а ситно исечкајте го само листот. По желба може да додадете и неколку перца од млад кромид или власец. Во сечканиот магдонос додајте три јајца.

Промешајте со жица маталка додека добро да се изматат јајцата. Додајте ги зачините како црвена зачинска мелена пиперка и мелен црн пипер или некој зачин по ваш вкус.

Ренданите компири процедете ги од водата па додајте ги во изматените јајца со магдонос, посолете со една лажичка сол и промешајте. Смесата е спремна за печење.

На умерен оган загрејте нелеплива тава со малку масло или путер, па половина од смесата рамномерно распоредете ја на дното, како тенка кора. Одозгора наредете го кашкавалот, па распоредете го остатокот од смесата.

Поклопете со капак и гответе неколку минути на ниско умерена температура додека забележите дека долната страна започнала да заруменува.

Потоа превртете ја врз друга голема чинија, намастете ја тавата и вратете ја „питата“ да се допече и на другата страна.

Повторно поклопете со капакот и печете додека да добие златнокафеава боја. Истата постапка можете да ја примените и во загреана рерна.

Питата од компир послужете ја како главно јадење или како прилог на главното јадење. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.