2 компири и 2 јајца! Брз рецепт за совршен појадок…Многу вкусен, прсти да излижеш…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ з(а 18 мафини, калапи од 100 мл):

1 лажица масло
2 мали кромидчиња, ситно сечкани
350 г брашно
2 1/2 лажички прашок за печиво
сол + црн пипер
450 г варени компири, испасирани
2 големи јајца
350 мл млеко
130 мл кисела павлака
2 лажици млад лук, ситно сечкан
150 г панцета/сланина, пржена додека да стане крцкава и исечкана на помали парчиња
5 лажици кашкавал / чедар, рендан

ПОСТАПКА:

Калапот за мафини намачкајте го со масло или во него ставете хартиени корпи. Можете да печете и во силиконски калапи за мафини кои не треба со ништо да се премачкаат.

На масло кратко пропржете го кромидот, околу 2 минути. Оставете да се излади. Во голем сад просејте ги брашното, прашокот за печиво и солта.

Во друг сад измешајте ги компирите, јајцата, млекото, павлаката, зеленилото по вкус и половина сечкана панцета.

Додајте ја смесата во садот со брашното. Мешајте внимателно и кратко додека смесата да се соедини. Не е потребно да се добие мазна смеса како за палачинки, туку малку ронлива.

Сипете ја смесата, полнејќи 2/3 од калапите.

Одозгора прво посипете го остатокот од панцетата, па кашкавалот.

Ставете да се пече во загреана рерна на 200*C, или на 180*C (вентилатор), околу 20-25 минути додека да добијат убава златно-кафеава боја.

Ако не ги послужувате додека се уште топли, тргнете ги на решетка да се изладат.

Послужете додека е уште топло како самостоен оброк со чаша јогурт. Тие можат да бидат и прилог за гулаш.

Рецепт на Сооlinarika.сom