Овие намирници едноставно не се сложуваат, а вие упорно така ги консумирате и после имате проблем

Некои комбинации просто предизвикуваат неволји и имаат сличен ефект како мамурлокот. Одбегнувајте ги овие три опасни комбинации.

КРИЛЦА + ПИВО

Храна богата со масти и алкохол едноставно не идат заедно. Вашиот црн дроб ги процесуира и мастите и алкохолот, но најпрво алкохолот бидејќи го смета за токсин. Па така вишокот масти остануваат во крвта и може да се акумулира во масно ткиво. Освен тоа, мастите го успоруваат варењето, па поради тоа ќе се чувствувате подуено и ќе бидете летаргични уште долго после јадењето.

БЕЛ ЛЕБ + ЏЕМ

Неколку прости јаглени хидрати го оптеретуваат вашиот панкреас. Најпрво, нивото на шеќер во крвта ви летнува високо до плафон, терајќи го вашиот панкреас да лачи голема доза инсулин за да може тоа да го регулира. Потоа трпите поради падот на нивото на шеќер и веројатно на крајот ќе бидете исцрпени и нервозни. Наместо тоа земете храна богата со влакна, интегрален леб и овошје.

ЛЕЌА + ВИНО

Кога соединенијата кои му ја даваат астрингенцијата на виното, танините, ќе се помешаат со железото од храната како што е леќата, способноста на вашето тело да го апсорбира железото понекогаш опаѓа. Дали сте вегетаријанец? Па, на вашето тело му е потешко да го апсорбира железото од растенијата отколку од месото. Ако на трпезата имате леќа, пијте вода.

СОВЕТ ПЛУС (ЗАШТИТА ОД РАК)

ПЕЧЕНО ПИЛЕ + РУЗМАРИН

Кога го печете месото, во мускулите се создаваат потенцијално канцерогени соединенија наречени HCA. Ако печењето е премногу реш, можете да ги зголемите изгледите да се разболите од рак.
Ублажете го овој ризик така што во маринадата ќе додадете рузмарин. Антиоксидансите кои тој ги содржи можат да спречат создавање на HCA, како што е откриено во една студија на државниот Универзитет Казас. Нема потреба да приготвувате нешто особено фенси; само исцедете сок од еден лимон, додадете малку маслиново масло, неколку гранчиња издробен рузмарин, сол и црн пипер. Втријте го тоа во две парчиња пилешки гради.