Овие 7 намирници не треба да се чуваат во фрижидер, бидејќи им се менува структурата

Речиси сите имаме обичај, после пазарењето, намирниците кои сме ги купиле да ги складираме во фрижидер, за да се сочуваат од расипување. Меѓутоа, ова се неколку продукти кои не треба да се чуваат во фрижидер, од неколку причини.

1.БАНАНИ

Ако бананите се стават во фрижидер, поради ниската температура се нарушува процесот на созревање. Всушност, кога ќе ги ставите во фрижидер – процесот на созревање се „пресекува“, па потоа и да ги вратите повторно на собна температура, тие повеќе не можат да созреат, туку ќе започнат да скапуваат.

2.СЛАТКИ КОМПИРИ (БАТАТ)

Кога слаткиот компир ќе се изложи на ниска температура, целиот скроб ќе се претвори во шеќер, ќе се промени вкусот и текстурата. Меѓутоа, ако го преферирате послаткиот вкус и ако не внимавате на килажата, тогаш сепак, можете да го чувате во фрижидер.

3.ДОМАТ

Дали и вие ги чувате доматите во фрижидер? Ако сте купиле поголема количина, сигурно доматите ќе ги складирате на ладно. Меѓутоа, кога тие ќе се изложат на пониска температура- губат од својот квалитет и вкус. Ја губат својата цверстина, па кога ќе ги извадите на собна температура, брзо ќе се раскашават.

4.ЈАБОЛКА

Исто како и доматите, јаболката ја губат нивната текстура и вкус кога стојат во фрижидер. Ако го сакате ова овошје постудено за да ве освежи, тогаш најдобро е да го изладите не повеќе од 30 минути.

5.КРОМИД

Ако сте љубители на посочен кромид кој својот вкус ќе го пренесе на другата храна, тогаш можеби најдобро е да го ставите во фрижидер. Меѓутоа, за максимален рок на траење, кромидот е најдобро да се чува во хартиена кеса, на средно ладна температура, на темно.

6.АВОКАДО

Слично на бананите, ако авокадото го ставите во фрижидер, тоа значи прекинување на зреењето.

7.КАФЕ

Спротивно на популарното верување, кафето е најдобро да се чува на собна температура, за да им се овозможи на природните масла да го ослободат својот ароматичен мирис.

Од друга страна, ако го ставите кафето во фрижидер, тоа може да ги апсорбира сите непријатни мириси кои заостанале внатре.