Куркумата е индиски зачин, еден од најдобрите средства за чистење на телото одвнатре. Во текот на животниот век низ телото минува повеќе од тон храна. Но преку храната освен хранливи материи, добиваме и разни ток-сини кои телото доколку е во баланс, успешно се справува и ги исфрла.

Во последно време куркумата го освои светот благодарение на многубројните корисни својства кои ги поседува. Таа се смета за најефективниот хранилив природен лек кој постои, па исто така се нарекува „жолтото чудо на природата.”

Куркумата ја дава жолтата боја на кари зачинот. Куркумата се користи во Индија илјадници години како зачин, но и како лек. Неодамна, науката започна да го поддржува она што Индијците го користеле долго време, а тоа се лековити својства на куркумата.

Поради својата специфична жолта боја, позната е и под името „индиски шафран”. Соединенијата во куркумата се нарекуваат куркуминоиди, од кои најважен е куркуминот. Широката употреба на куркумата во традиционалната медицина предизвика значителен интерес за нејзините здравствени придобивки.

Куркумата потекнува од коренот на Curcuma longa, цветно растение од фамилијата ѓумбир. Често се продава во форма на зачин. Меѓутоа, доколку ја купите свежа, изгледа слично на коренот на ѓумбир со поинтензивна жолта до златна боја.

Една од големите придобивки кои ги има куркумата е да постигне балансирана термогенеза во организмот. Во овој случај калориите се согоруваат, а телото ги топи мастите.

Куркумата помага при правилно варење на храната и тоа на микроскопско ниво. На овој начин помага и при сла-беење.

Во Индија, куркумата се користи за лекување на кожни заболувања, дигестивни проблеми и разни б олки. Всушност, тоа е главна состојка при лекувањето во ајурведската медицина. Куркумата содржи голем број растителни супстанции, но една група наречена куркуминоиди, има најголем ефект врз подобрување на човековото здравје.

Три значајни куркуминоиди се куркумин, деметоксикуркумин и бисдеметоксикуркумин. Од нив, куркуминот е најактивен и најкорисен според неговите лековити својства. Куркуминот, кој поседува околу 2-8% од повеќето состојки на куркумата, го дава посебниот мирис и вкус на овој лековит зачин.

Сам по себе, куркуминот е познат по своите антиинфламаторни, антиканцерогени и антиоксидативни својства. Куркумата и куркуминот имаат лековити својства кои обезбедуваат многу здравствени придобивки.

Растителните соединенија во куркумата кои го вклучуваат куркуминот имаат способност да го намалат воспалението и на тој начин да ги ублажат симптомите на остеоартритис. Куркумата се покажала ефикасна и во лекувањето на Паркинсонова болест.

Куркумата и куркуминот може да го инхибираат воспалителниот процес вклучен во дебелината и може да помогнат во регулирањето на телесните масти. Исто така го намалува „лошиот“ ЛДЛ холестерол и триглицеридите и да го намалат ризикот од срцеви заболувања.

Го спречуваат ризикот од дијабетес: Куркумата и куркуминот можат да го подобрат метаболизмот на шеќерот во кр-вта и потенцијално да го намалат ризикот од дијабетес.

Куркумата и куркуминот можат да ги уни-штат габичните клеточни мембрани, а комбинацијата од куркума и куркумин се користи во правење на лековити масти и мевлеми против кожни габични заболувања.

Куркумата и куркуминот имаат силно антибактериско дејство. Тие можат да го намалат растот на многу бактерии кои предизвикуваат болести и инфекции во организмот. Двете заедно имаат антимикробно лековито својство. Студиите покажуваат дека од нив може да имаат корист луѓето со срцеви заболувања, остеоартритис и дебелина.

Исто така, откриено е дека и куркумата и куркуминот го намалуваат шеќерот во кр-вта кај дијабетес тип 2. Сепак, студија спроведена врз животни утврди дека куркуминот е подобар во минимализирање на ризикот од дијабетес отколку куркумата.

Корисен совет е да додадете малку црн пипер во вашите оброци или додатоци кои содржат куркумин. Супстанцијата во црниот пипер наречена пиперин може да ја зголеми биорасположивоста и ефективноста на куркумин за 2.000%.

Куркумата е растворлива во масло, што значи дека треба да ја комбинирате со некое масло за оптимална апсорпција. Најчесто се комбинира со ладно цедено масло од кокос или маслиново масло. Дневна препорачана доза изнесува од 3 до 10 г, приближно една лажичка.

Куркумата е златен зачин што се користи за лекување на воспаленија, бактериски инфекции и дигестивни проблеми илјадници години. И куркумата и куркуминот можат да го намалат воспалението на зглобовите, холестеролот, шеќерот во кр-вта, како и растот на туморот, габите и бактериите.

Главно се состои од јаглехидрати, претежно скроб и влакна. Сепак, како и сите зачини, куркумата содржи бројни растителни соединенија и хранливи материи.

Куркуминот на природен начин помага во зајакнувањето на имунолошкиот систем со зголемување на имуномодулаторниот капацитет на организмот во периоди на с трес или за време на сезоната на вируси, за да му помогнете на вашиот имунолошки систем да зајакне.

Лек за топење на масти, го зајакнува имунитетот како челик, се користи секој ден – рецепт

Потребни состојки: 1 – 2 лажички куркума, 50 – 100 г мед, половина лажичка црн пипер.

Овој лек нема конкретна количина, подготвувате онолку колку што ви е потребно. Најважно во подготовка на овој лек е да додадете црн пипер во мешавината. Црниот пипер значително го зголемува дејството на куркумата и ги користи сите нејзини придобивки заедно со пиперинот содржан во него.

Не треба да ставите многу црн пипер за да се искористат придобивките на куркумата. Доволно е да ставите половина лажичка. Најдобро е мешавината да се раствори во топло млеко.

Може да подготвите поголема количина или да ја подготвувате мешавината секој ден. Оваа мешавина е многу делотворна против сите воспаленија во телото, упорната кашлица и значително помага при сла-беење.

Медот го забрзува метаболизмот, а спроведени се многу истражувања кои покажуваат дека кон-сумирање на една лажичка мед дневно дава многу енергија за нормално функционирање во текот на денот.

Постапка: Подготовката е многу едноставна. Едноставно помешајте ги сите состојки во поголем сад и складирајте ги во тегла. Смесата чувајте ја во фрижидер. Кон-сумирање: Кон-сумирајте секое утро по една лажичка на празен стомак.

Доколку имате чувствителен желудник, куркумата може да доведе до благ рефлукс. Во овој случај, јадете една лажица пред ручек или наутро разредено со топла вода или млеко. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска