Зимскиот период се поврзува со зачестување на вирусните респираторни заболувања. Општа карактеристика на овие инфекции е високата контагиозност и лесното пренесување од едно на друго лице. Се смета дека децата во текот на една календарска година можат да прележат до 12 вирусни инфекции, кои можат да следуваат една по друга. Овој број на лесно заразување се намалува со процесот на растење.

Генерално, најчести вирусни инфекции кај сите возрасни популации се оние кои ги засегаат респираторниот и гастроинтенстиналниот тракт, со симптоматологија која произлегува од засегнатиот орган, а нивната заедничка карактеристика е малаксаност или фебрилност (висока температура). Во најголем број од случаите ги среќаваме при промена на сезоните.

Респираторните вируси може да ги засегнат горните дишни патишта, како и долните дишни патишта кои одат под клиничка слика на бронхит или пневмонија. Клинички потешките инфекти се среќаваат главно кај помалите деца, кај повозрасните, како и кај хронично болните лица.

Најголем дел од нив имаат поблага клиничка слика и организмот спонтано се справува со нив без последователни компликации. Тие имаат тенденција кон спонтано закрепнување, а единствениот и најдобар третман е одморот и спроведување на симптоматска терапија.

Начинот на кој организмот ќе се справи со вирусниот инфект многу зависи од неговиот имунолошкиот статус на детето. Здравиот имунолошки систем е едно од најважните оружја во справување со вирусните инфекции. Доколку вирусните инфекции се повторуваат, имуниот систем на детето постепено опаѓа.

Она што можеме да го направиме е да работиме на подобрување на општата состојба со максимално зајакнување на имунолошкиот статус на организмот како би помогнале во спречување и справување со евентуално настанатите вирусни инфекти.

Иако функционирањето на имунолошкиот систем е мошне комплексно, може да издвоиме неколку витамини и олигоелементи кои се есенцијални за нормално функционирање.

Витамините и нивните значења

Витаминот А е липослубилен витамин (растворлив во масти) кој покрај другите функции има улога во обезбедување заштита на епителот и мукозниот интегритет на телото, како и улога во јакнење на имунолошката функција преку влијание на клеточниот и хуморалниот имунитет.

Витаминот А го има во: рибиното масло, спанаќот, морковите, кајсиите, пиперките, пленката, путер/маргарин, жолчка. Корисен е за: очите, кожата, косата, растење, го забавува процесот на стареење, штити од рак.

Витаминот Д е исто липосолубилен витамин кој има витално значење во модулирање на вродениот и стекнатиот имун одговор. Потврден е и подобар клинички одговор при примање антивирусна терапија во комбинација со витаминот Д кај потешките вирусни инфекции.

Витаминот Д го има во: млекото, риба и рибино масло, жолчка, зелен зеленчук, растителни масла, путер/маргарин. Корисен е за: цврсти коски, здрави заби, спречува појава на рахитис и остеопороза, настинки (кога се консумира во комбинација со витамин А и Ц).

Витаминот Е е липосолубилен витамин кој е потентен антиоксиданс и има потенцијал да ја модулира имуната функција на домаќинот. Неговиот дефицит го намалува како хуморалниот, така и целуларниот имун одговор.

Витаминот Е го има во: зелен и лиснат зеленчук, растителни масла, соја, житарки, млеко и жолчка. Корисен е за: правилна работа на хормоните, нервите, мускулите, срцето и крвните садови, косата, го ублажува заморот, лекува изгореници, ја продолжува младоста.

Витаминот Ц е познат како есенцијален антиоксиданс и ензимски кофактор за многу физиолошки реакции во организмот како што се продукцијата на хормони, синтеза на колаген, имун одговор. Иако резултатите од испитувањата во однос на превенирање на акутните респираторни инфекции и витаминот Ц се разликуваат, потврдено е дека суплементација со него може да го скрати времето на траење и тежината на болеста.

Витаминот Ц го има во: црвена пиперка, компир, зелка, јагодесто овошје, лимон, портокал, шипинки, зелен и лиснат зеленчук, домати. Корисен е за: косата, одбрана од болести – настинки, заразнување на рани, штити од рак, спречува крв-авење на непцата, болки во зглобовите, замор, појава на скорбут.

Олигоелементи

Цинкот е елемент кој во организмот се наоѓа во траги и кој има значителна улога во растот, развојот и одржување на имуниот одговор. Дефицитот се манифестира со зголемување на осетливоста кон инфективни болести, вклучително вирусни инфекции.

Цинкот го има во: говедски бут, свинско каре, квасец, јајца, семки од тиква. Корисен е за: ги отстранува белите дамки од ноктите, ја подобрува бистрината на умот и овозможува здраво растење, спречува артериосклероза.

Селенот е уште еден елемент во трага кој има широко влијание во организмот, започнувајќи од антиоксидативен до антивоспалителен ефект. Ниското ниво на селен се поврзува со зголемен ризик од морталитет, послаб имун одговор и намалување на когнитивните можности, додека повисока концентрација на суплементација со селен покажува антивирусен ефект.

Селенот го има во: пченични никулци, овесни снегулки, туна, кромид, домати, прокељ. Корисен е за: одржување на еластичноста на ткивата, го спречува првутот, штити од рак.

Магнезиумот има улога во контрола на имуната функција преку вршење на значителни влијанија на стекнатиот имунитет. Го има во: соја (зрно), млеко, сирење, јајца, риба, житарки, семки, лимон, јаболка, зелен зеленчук. Корисен е за: нервите, забите, го олеснува варењето, ја совладува депресијата, спречува појава на грчеви во мускулите, болести на срцето, мигрена и нервоза.

Исхрана

Општо познато е дека исхраната е од важно круцијално значење во одржување на баланс на имуната хомеостаза. Состојбата на исхранетост се покажа како важен фактор во справување со вирусните инфекти. Неисхранетоста (малнутрицијата) ги зголемува морбидитетот и морталитетот кај сите возрасни групи, главно поради зголемениот ризик од инфекции, со потежок клинички тек на инфектите.

Исхраната, во основа, мора да биде разновидна, да ги содржи сите неопходни состојки и да ги има карактеристиките на засилувачи на имуниот систем. Портокаловите и црвени зеленчуци и овошја во прв ред моркови, домати, пиперки, тикви, јаболка во комбинација со лимон се одлични имуностимулатори.

Јаткастите плодови исто така изобилуваат со витамини и минерали. Овошјето исто така треба да биде дел од секојдневната исхрана. Генерално се препорачува, доколку има можност, секое овошје да се јаде во свежа форма.

Во препораките за здрава храна важно место му припаѓа на јогуртот, кој е богат со пробиотици. Пробиотиците спаѓаат во категорија на пријателски бактерии кои можат да се земаат и како додаток во исхраната. Иако не се внесени во официјалните протоколи за третман на респираторни заболувања, сепак се користат.

Јогуртот дејстува примарно преку блокирање на колонизацијата на цревата од страна на патогените бактерии, додека некои од нив имаат способност да продуцираат метаболити кои поседуваат антибактериски ефекти против други органи.

Редовната физичка активност исто така е важна поткрепа на имунолошкиот статус. Се препорачува физичка активност најмалку трипати во текот на неделата, по 30 – 45 минути на свеж воздух.

Следење на препораките за практикување добра хигиена, за што интензивно се повторува во медиумите последнава година. Тоа опфаќа: често миење на рацете, особено по престој во јавен простор, избегнување да се допираат со раце – лицето, очите и устата и кашлање и кивање во задниот дел на надлактицата.

Редовната физичка активност е фактор кој влијае на јакнење на имунолошкиот статус.
Потребно е да се обрати посебно внимание на исхраната која треба да е разновидна и богата со нутриенти. – наведува д-р Искра Лазаревска, педијатар.

Лидија Несторовна Сурина е биолог, фитотерапевт и билкар веќе 40 години. Таа има објавено неколку книги за лековитите својства на локалните растенија во нашите простори. Нејзините совети се популарни низ целиот свет.

Ви пренесуваме некои од нив: „Денес сè повеќе се разболуваме затоа што јадеме многу увезена храна. 65% од месото се увезува. Добро е кога јадеме увезена храна, но таа да изнесува само 10% од вкупниот внес на храна во нашето тело. Кога јадете храна која не е од нашите простори, тогаш нема да можете да се прилагодите на условите на местото каде што живеете. Тоа е основниот закон на природата “.

„Храната треба да биде лек, а лекот треба да биде храна.”

,,Самиот Иван IV Василевиќ во 1580 година рече: „Ако сакате да ја освоите земјата, донесете им туѓи производи! Тоа е она што си го правиме себеси денес!“

„Голем дел од храната што ја јадеме секојдневно е ѓубре. Тука ги вбројувам газираните пијалаци, гуми за џвакање итн. Главната состојка во нив е аспартам (вештачки засладувач) што е 200 пати посладок од шеќерот.

Компликации од консумирање на аспартам: ја намалува интелигенцијата, предизвикува главоболка, гадење, депресија, болки во стомакот, заматен вид, возбуда, нестабилно одење, оштетување на зглобовите, дебелина итн.
Запрашајте се што му давате на вашето дете кога ќе му дозволите да испие чаша со овој адитив!“

„Белиот леб е празен леб. Кога се јадел бел леб во старите денови? Само за празниците. Останатото време се јадеше леб од цели зрна. Моја препорака е да се дава овесна каша (овес) и млеко на децата во градинка еден месец, со што ќе им ги исчистиме белите дробови. Уште еден месец да им дадеме овес варен во вода, со кој ќе им го исчистиме црниот дроб. И потоа продолжете да давате овес уште три недели!“

„Како дете, татко ми ми даваше пијалак за лекување на алергии: три недели пиев половина чаша млеко секој ден, во кое беа вметнати 3 капки јод. Самиот Наполеон им давал јод на војниците знаејќи дека неговиот недостаток развива деменција “.

„Што јадат мачките и кучињата на пролет? Пирeвина. Некои го јадат, а потоа повраќаат, што значи дека се чистат од токсини. Пиреј (кауч трева, елимус репенс)  е најважното лековито растение.

Содржи силициум, а силициумот го задржува калциумот, што значи заштита од артритис, артроза, гастритис итн. Земете еден куп млада трева и варете ја 10 минути. Претурете ја таа вода во тенџере и сварете супа во неа. Тоа е вистински лек за стари лица.”

,,Калциумот во таблетите не може да им помогне на старите луѓе “. „Оние кои имаат чир мора да јадат по 1 лист ајдучка трева секој ден.

„Синтетичките витамини не се ништо подобри од лековите. Консумирајте глог, невен, камилица и лук секој ден. Овие билки ќе ви помогнат многу повеќе од синтетички произведените витамини.” Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска