Овој хороскоп го добил името по пророкот Заратруст, а секој месец е поврзен со тотем, односно животно кое го претставува карактерот на одреден знак, со антитотем – мрачната страна на личноста

Зарастристички систем всушност е предвесник на сите подоцни астролошки системи, па и на современиот. Зарастристиката е наречена по пророкот Заратустра или, правилно Зороастрa , што во превод од старогрчки значи грев – ѕвезда.

Во зарастристичкиот соларен календар, кој има 12 месеци, секој месец трае 30 дена. Вишокот од пет дена (или шест кога е престапна година) се нарекува нулти или денови на плачот и навреди за потрошеното празно време. Годината почнува со летна рамноденица од 20-22 март.

Зарастристичкиот календар за секој месец има по еден симбол, поврзан со некое животно, свој тотем. Тие се сметаат за заштитници на луѓето кои се родени под нивното влијание. Во старо време се правеле амајлии со ликот на одреден тотем, кои луѓето постојано ги носеле со себе, не вадејќи ги ниту кога спијат, за ништо лошо да не им се случи ниту во сон.

Покрај тотем, во зарастричкиот систем постојат и антитотеми кои не мамат (всушност, демони). Непријател се смета и човек чиј тотем е ваш антитотем, затоа што тој ги познава вашите мани и доблести подобро отколку кој било друг, па е во состојба да ве допре во најтенката жица и да цели на вашите чувства кои не можете да ги контролирате.

По датумот на раѓање, пронајдете свој тотем на животно и дознајте што ве чека.

Еж (21 март – 19 април)

Суштина: бестрашност, верност, висока животна цел

Карактерни црти и изглед: среден раст, темелна градба, остар нос и накострешена коса.

Ежот во себе носи две спротивставени природи: едната е сурова и немилосрдна, навикната на строг поредок со скептично расположение; додека втората е сентиментална и добронамерна. Во прво време тој е недостапен, но тие кои имаат со нив блиски контакти, можат да посведочат колку е деликатен и чувствителен. Само верува во една љубов, за цел живот. Ако доживее разочарување во младоста, многу често останува сам до крајот на животот и тогаш ќе и се посвети на работата, најчесто во областа на науката.

Антитотем змија: Грациозна, флексибилна, магнетски привлечна, однадвор заводлива, но во себе носи многу темно. Напаѓа така што “го заспива” противникот кој во неа ќе стекне доверба и, кога најмалку се надева, му задава удар.

Слон (20 април – 19 мај)

Суштина: моќ, здрав ум, упорност и добро паметење

Карактерни црти и изглед: висок раст, крупно скоро тромаво градени, со изразени црти на лицето.

Слонот ретко се збунува, нестрплив е, упорен, сериозен и темелен. Неговиот дом и семејство се под голема заштита. Одличен домаќин е. Ако слонот случајно ви е пријател, ќе ви помогне, колку и да го чинело тоа. Ако затреба, и планини ќе помести поради вас. Нему може да му се довери најодговорна и најтешка работа. Одличен раководител е.

Антитотем глувче: суетен, без здрава амбиција, зајадлив, пресметлив, на прв поглед корисен. Умее да се снајде во какви било ситуации, а кога е густо – ќе побегне во својата дупка.

Златен зајак (20 мај – 18 јуни)

Суштина: оптимизам, ерудиција, тежнеење кон совршенство

Карактерни црти и изглед: нежно овално лице, златни кадрици, складна фигура. Во кое и да е друштво, внесува радост и смеа. Духовит е, подвижен и елоквентен. Нема тој со кого не може да најде заеднички јазик. Многу е шармантен и никој како него не умее да забави. Се труди на другите да не им прави проблеми. Зајакот има заштита од некоја поголема сила на своите полиња. Така, на пример, кога е болен, најдобриот лекар случајно е на смена, или купил еден лото-лист и добил премија. Со добро здравје и долго останува млад.

Антитотем воден стаорец: Злобен, пренесува зараза од секој вид, особено е вмешан во сплетки, кавги и клевети. Итар и расипан, при тоа не баш толку паметен. Амбицијата не му недостига. Во секој момент е подготвен за напад.

Дабар (19 јуни – 18 јули)

Суштина: вреден, професионален, патриот

Карактерни црти и изглед: среден раст, расфрлена градба, чудно и брзо оди, ненадејни движења и гласно ја изразува радоста.

Најдобра животна улога која може да ја добие е да стане професор или на некој начин учител. Тој со задоволство своите знаења ги дели со други. Со децата веднаш наоѓа заеднички јазик. Дружејќи се со него, луѓето ги искажуваат своите најдобри особини. Дабарот често е пред тежок избор” приватниот живот или наука, образование, реализација во професијата… Што и да одберете, сигурно ќе имате успех.

Антитотем пајак: Црн, суптилен, обично со пискав глас и појава која веднаш паѓа во очи. Манирите му се научени, но не може да се каже дека зрачи со финост. Напаѓа од зад грб кога е во можност – а кога не е пред сите зајадливо навредува.

Орел (19 јули – 17 август)

Суштина: чесен, одлучен, дисциплиниран

Карактерни црти и изглед: висок раст, достоинствено држење, крупни очи и остар профил

Орелот скоро и да не може да направи ништо недостојно. Не станува збор за тоа како на другите им изгледа, туку тој има вроден витешки кодекс на чесност. Судбината често го наградува со добар живот и голема среќа во љубовта. При тоа обично се вљубува на прв поглед, чувствата стануваат заемни и, како во бајка – одат во дворец!

Антитотем скакулец: Сеат злоба меѓу луѓето, непредвидлив е и лесно може да избега. После своето делување остава пустош и несреќа, од кое тешко се опоравуваме.

Крмнaк (18 август – 16 септември)

Суштина: витештво, душевна чистота, проникливост

Карактерни црти и изглед: среден раст, силна градба, немирна коса, ситни очи.

Крмнaкот е жесток и секогаш оди директно на целта. Се снаоѓа и во најтешките ситуации. Физичката работа претпоставува рационално. Многу често има градина и имот. Бара сродна душа и по правило дури во зрелите години заснова семејство околу кое се врти цел негов живот. Обично има многу деца.

Антитотем крокодил: Никого не сака и ако може да напакости, со задоволство тоа и го прави, дури и кога нема корист. Чека поволен момент да нападне и да го уништи противникот. Доколку е потребно, со години е мирен и подготвен за напад.

Коњ (17 септември – 16 октомври)

Суштина: слободоумност, тврдоглавост, постојана потрага за нешто ново

Карактерни црти и изглед: витка градба, со години се покрупна, долг врат, тесно лице

Белиот коњ е убав за гледање и пријатен за дружење. Внесува ведрина во секое друштво. Сака многу луѓе околу себе, дури и кога работи, најдобри особини покажува во тимот. Добро се чувствува во големото семејство. Главно е со исправно држење во животот, но од време на време со својата невнимателност може да направи проблем.

Антитотем жаба: Крастава, лигава, со испакнати очи и непријатна боја на гласот. За своите постапки секогаш наоѓа оправдување. Не и се омразени подлоста и лагата.

Врана (17 октомври – 15 ноември)

Суштина: мудрост, проникливост, тежнеење кон усовршување и совршенство

Карактерни црти и изглед: среден раст, темна коса, поцврст нос и темни длабоки очи

Изгледа сериозно, дури и злобно. Враната не може да се покори, но ниту сама не сака да владее. Највеќе и лежат улоги на солисти. Одговара само за себе и своите постапки, иако не бега од одговорност. Знае да се огради од другите луѓе ако не и се допаднат. Често е и видовита. По правило, враната подоцна стапува во брак и воопшто не заснова семејство. Во нејзиниот круг пријатели влегуваат само одбрани, најчесто истомисленици.

Антитотем пупунец: Првото чувство кога ќе го видиме е сожалување, бидејќи е навистина јаден, секогаш во долгови, со големи семејни проблеми. Меѓутоа, него не треба да го жалите, бидејќи ужива во својата несреќа. Тоа е енергетски вампир кој ја цеди целата сила од човекот.

Петел (16 ноември – 15 декември)

Суштина: импулсивност, одговорност, домашен тип

Карактерни црти и изглед: раст нешто повеќе од среден, убаво лице, изразен поглед

Иако е импулсивен и реагира на се и сешто, и колку што може и колку што не може, петелот е многу дисциплиниран и практичен. Тоа посебно доаѓа до ираз на семеен план, бидејќи станува столб на куќата. Со вештите раце умее сешто да направи. Обично работи неколку работи одеднаш, а и работата во неколку професии обично го одбележува неговиот живот. Не може да седи на едно место, мора да се движи. Не така ретко, многу патува или често се сели.

Антитотем јастреб: Посебно сака да ги угнетува слабите, а секојдневното боцкање му е хоби. Забелешките му се секогаш злобни, изречени со намера да навреди.

Лос (16 декември – 14 јануари)

Суштина: постојан, тврдоглав, рационален, сака чиста сметка

Карактерни црти и изглед: висок раст, пропорционална градба, крупни очи.

Лосот е разумен и трезвен. Кога нешто работи, оди до крај и обично постигнува сјајни резултати. Се е во состојба да доведе до ниво на уметничко дело. Пред себе става забрани и си одредува задачи. Може било што да истрпи доколку му се укаже смисла. Ги цени семејните и пријателските врски. Има добра природа, но само за оние кои му се блиски и кои ги сака. Долго живее, а косата почнува да му белее подоцна отколку на другите.

Антитотем стеница: Мрсна, подгоена. Секаде стигнува, напаѓа од зад грб и кога најмалку се надеваме. Ја бара најслабата точка на противникот. Сурова е и цинична.

Камила (15 јануари – 13 февруари)

Суштина: трагање по вистината, независност, пожртвуваност

Карактерни црти и изглед: импознатен, крупен, со големи полни усни, малку сплескан нос. Камилата е многу нетрпелива. Ја цени слободата и независноста. Секогаш е подготвена во потрага по вистината, каква и да е. Ретко е во оскудица. Во бракот е многу среќна, а за да дојде до тоа, во состојба е ако треба и неколку пати да се разведе.

Антитотем црна мачка: Сензуална, елегантна, задоволна со својот живот. Голем интригант. Води двоен живот и кога е во брак. Подвоена личност е, бидејќи во себе ги спојува двете суштини – домашни и диви мачки.

Куче (14 февруари – 15 март)

Суштина: оптимизам, самоиронија, посветеност на идејата, дрскост

Карактерни црти и изглед: темен тен, среден раст, овално лице, длабоко всадени очи

Кучето е најверниот чувар на куќата. Го одржува редот и поредокот. Ретко се качува на големи животни височини. И кога нешто ќе добие, веднаш му се покажува каде му е местото. Одличен е во зачувувањето на семејството и воспитувањето на децата, но е огнен противник на мешање на расите и народот, па секогаш “лае” кога нешто такво ќе се случи.

Антитотем хрчак: Остава впечаток на симпатичен веселник, но е во состојба да донесе многу неволји. Бега и од оној кој го храни. Подол е, завидлив и сладострастен.

Делфин (16 – 20 март)

Суштина: искрен, го привлекува опасност, префинет и сочувствителен

Карактерни црти и изглед: низок; силна градба, во текот на целиот живот, дури и во зрелите години има нешто детско

Делфин животот го смета за игра: Без оглед на таквата незрелост, под покровителство е на големите сили. Кој него ќе го навреди, како кога ќе се навреди дете, на некој начин ќе биде казнет.

Антитотем ајкула: Незаситен апетит, ненадејна, рамнодушна за туѓи неволји, чисти се како метла на својот пат.