Марковден — голем христијански празник од пролетниот циклус којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 25 април, односно на 8 мај по стариот календар…

ОБИЧАИ ЗА ОВОЈ ДЕН ВО МИНАТОТО

Неговиот спомен се празнува на 8 мај/ 25 април и не се смета за тежок празник. Во Гевгелиско мажите работеле, а жените го држеле за празник. Се празнувал за заштита од град. Се верувало дека ако работат град ќе го оте-па полето. Поради тоа никако не влегувале во бавчата или во лозјето.

Во селото Го-реме, Светиврачко, овој ден бил празник на селото. Над селото имало мала височинка што се викала Кукувица и тоа место се сметало за свето место што е под заштита на светиот евангелист Марко. Не се знае од кога, но најверојатно од заселувањето на селото на овој ден, на тоа место се давало к-урбан за тој светител.

К-урбаните се ко леле денот пред празникот, односно на 7 мај. Пред да се зако леле к-урбаните свештеникот читал соодветни молитви. Потоа би-ела камбаната и се престанувало со секаква работа: орање, сеење, копање и др.

Сите к-урбани се готвеле во големи селски котли под ридот Кукувица. За тоа време жените готват храна како: оризарник, баница, погача и др. Околу четири часот попладнето ја товареле храната на коњи и целиот народ одел на ридот Кукувица.

Таму свештеникот светел вода и сите ги попрскувал со неа. Потоа ги кадел трпезите по што ја ставале храната. Мажите седнувале на софрите, а жените раздавале од храната. Откако ќе јаделе започнувале со ора и песни. На стемнување се враќале во селото каде што продолжувала веселбата до доцна во ноќта.

Утрото на 8 мај, на денот на св. евангелист Марко, се служела божествена литургија, а потоа се правела веселба со ора и песни што траела цел ден. Во селото постои и легенда за Св. Марко. ЛЕГЕНДАТА ЗА СВЕТА МАРКО:

Легендата раскажува дека во тур-ско време на селаните им било забра-нето на Марковден да одат во месноста Кукувица, и им било наложено вода да светат во селото. На местото Кукувица Тур-ците направиле касарни и тука престојувала војската.

Секоја ноќ на начелникот му се јавувал белобрад старец со бела капа на главата и на неа крст, во рацете држел патерица и многу го ма-чел неговиот син. Начелникот загрижен за стра-да-њата на својот син пошол кај еден старец во селото и му ја раскажал својата ма-ка.

Овој веднаш се сетил дека тоа е светецот кој му се одмаз-дува затоа што заб-ранил на неговиот ден да одат на местото Кукувица и да светат вода. Потоа повикале и свештеник кој му го кажал истото. Тогаш Тур-чинот го замолил свештеникот да свети вода на Кукувица и да ги попрска касарните и војниците со светена вода.

„Се поклонувам пред тој ваш свет обред“, рекол Тур-чинот. Оттогаш веќе син му ништо не го маче-ло. Потоа на селаните им дозволил на ридот Кукувица да го изведуваат об-редот и да светат вода како и порано. А кога се приближил празникот Тур-чинот подарил три овни да ги зако лат за к-урбан на празникот Св. Марко.

Светиот апостол и евангелист Марко

СВЕТИ МАРКО му беше сопатник и помошник на апостолот Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по дух.

Кога Марко беше во Рим со Петар, верните го замолија да им ја запише спа-соносната наука на Господ Исус, Неговите чу-да и Неговиот живот. Така го напиша Светото Евангелие, коешто го виде и го посведочи за вистинито и самиот апостол Петар.

Тој го постави Марко за епископ и го испрати на проповед во Египет. Така тој беше првиот проповедник на Евангелието и првиот епископ во Египет. Египет беше сиот притиснат од густиот мрак на незна-боштвото, гата-њето и з-лобата.

Со Божја помош Свети Марко успеа да го посее семето на Христовата наука низ Либија, Амоникија и Пентапол. Од Пентапол, воден од Духот Божји, дојде во Александрија. Таму успеа да ја заснова Црквата Божја, да постави епископ, свештеници и ѓакони и сè добро да утврди во благочестивата вера.

Својата проповед ја потврдуваше со големи и многубројни чу-да. Кога незна-бошците подигнаа об-виненија про-тив него, како про-тив разо-рувач на нивната идоло-поклонска вера, а градоначалникот почна да трага по него, тој по-бег-на повторно во Пентапол и таму продолжи да го утврдува своето поранешно дело.

После две години, Свети Марко, на голема радост на верните чијшто број во меѓувреме се умножи, се врати во Александрија. Тогаш го фа-тија незна-бошците, цврсто го в-рзаа и почнаа да го вле-чат по калдрмите викајќи: „Да го повле-чеме волот во оборот!“ Сиот ра-нет и иск-рвавен го фр-лија во зат-вор. Овде најнапред му се јави Ангел небесен и го храбреше и го крепеше.

Потоа му се јави Самиот Господ Исус и му рече: „Мир на тебе, евангелисту Мој!“ А Марко Му одговори: „И на тебе, Господи мој, Исусе Христе!“ Утредента з-лочестивите луѓе го извлекоа од зат-ворот и повторно го в-лечеа по улиците, извикувајќи го истото: „Да го пов-лечеме волот во оборот!“

Сиот изма-чен и ис-тоштен Свети Марко изусти: „Во Твоите раце, Господи, го предавам мојот дух!“ и из-дивна. Неговите свети мош-ти беа чесно погре-бани од христијаните. Низ вековите им даваат ис-целенија на луѓето од ма-ките и од б олестите.