Вечер кога ќе си легнете десната рака ставете ја на градната коска, а левата на стомак: ќе се случи магија!

Од Центарот за истражување на емпатија и алтруизам на Станфорд, тврдат дека со тренинг за правилно дишење можеме да влијаеме врз нашата емоционална состојба, да го ублажиме стресот или да го ублажиме бесот и нападите на паника. подолу во тексот можете да го прочитате методот.

Со истражувањето биле опфатени луѓе кои тврделе дека се чувствуваат одлично и покрај фактот што секојдневно биле изложени на голем психички притисок.

Одамна е познато дека начинот на кој дишеме влијае врз нашиот мозок, но дури денес се посветува малку поголемо внимание на методите со чија помош на едноставен начин можеме да си помогнеме и да си го олесниме секојдневието.

СОГОРУВАЊЕ е состојба при која човекот полека “согорува” од секојдневниот стрес. Ниеден од испитаниците не можел да ги препознае првите симптоми на она што се нарекува “согорување”.

-Краткорочниот стрес од ден на ден влијае врз телото кое станува истрошено, имунитетот слабее, а под влијание на долгорочниот хроничен стрес, нашиот ум, концентрацијата и памтењето се ослабени.

Колку е силна поврзаноста помеѓу емоциите и дишењето најдобро ќе ја воочите доколку започнете да тренирате дишење. Вежбите за дишење ќе ве обноват и ќе ви помогнат да ја сочувате енергијата за моментите кога таа ќе ви биде најпотребна – изјавила Ема Сепала, директорка на центарот.

Дишењето според нејзините зборови, се однесува како барометар на чувствата. Диешењето е алатка, бидејќи одредени техники можат да ви помогнат да ја промените својата емоционална состојба.

Тоа е особено корисно кога сте под притисок, бидејќи со дишењето го смирувате вашиот нервен систем и вашиот ум полека започнува да се смирува. Еве неколку примери за вежби од праксата на истражувачите.

СЕДНЕТЕ ИСПРАВЕНО НА СТОЛЧЕ ИЛИ ЛЕГНЕТЕ НА ГРБ.

Десната рака ставете ја на градната коска, во средина на градниот кош, а левата рака ставете ја на стомак, така што палецот да ви биде под папокот. Продолжете нормално да дишете и воочете под која рака повеќе го чувствувате дишењето.

Продолжете да вдишувате и издишувате нормално, со својот вообичаен ритам, но така што посилно ќе ви се подига градниот кош. После 10 до 20 дишења, неколку пати вдишете длабоко и издишете полека. Потоа дишете само со стомакот, на ист начин како што беше опишано и за градното дишење.

Направете кратка пауза, а потоа вдишете со градите, на половина од дишењето застанете за момент и остатокот вдишувајте така што под левата рака ќе почувствувате подигање на стомакот.

Направете кратка пауза па издишете одоздола кон горе. Направете така 10 до 20 дишења. Издишувањето треба да трае подолго од вдишувањето.

Обратете внимание на тоа како се чувствувате физички, емотивно и енергетски. Брзо ќе воочите напредок на секое од овие полиња.

Loading...