ЦАРСКА ПИТА-ФАНТАЗИЈА: Многу е заситна и може да замени оброк, има неодолив вкус

Царска пита е јадење кое многу лесно се приготвува, а може да ги замени и главните оброци, првенствено зашто е многу вкусна и заситна, но и затоа што излегува доста обемна. Состојките кои се додаваат во основното тесто може да се прилагодуваат во зависност од она што го имате дома.

рецепт 1

Издвоивме два рецепти кои веруваме дека многу ќе ви се допаднат. Првиот рецепт е на Ивана и таа има дилема во врска со името на оваа пита: дали е „царска“ или „шпанска“ и дали има некаква разлика помеѓу овие две пити.

рецепт 2




Според Ивана и она што таа го заклучила од бројните рецепти, е дека станува збор за речиси исти рецепти со многу мали измени во грамажата на некои од состојките. За шпанската пита најчесто се користи пченкарно брашно, а за царската, бело брашно.

Како и да е, таа ги приготвува и двата вида пити, понекогаш за да го „исчисти фрижидерот“, а некогаш специјално за главен оброк. Еве што ви е потребно:




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за тепсија со пречник 30 см): 3-4 кисели краставички ситно исечкани (ако се големи тогаш 2), 1.5 чаша кисела павлака, 150 г салама или шунка сечкана на коцкички, 150 г кашкавал или ситно сирење, 5 јајца, 200 мл јогурт, 180 мл масло, 2 чаши брашно, 1.5 лажичка сол или по вкус, 1 кесичка прашок за печиво (10 г). За наросување одозгора: сусам

рецепт 1

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап 30х11х7 см): 4 јајца, 260 г остро брашно, 100 мл масло, 230 мл јогурт, 120 г маринирани печурки (алтернатива црвена пиперка), 120 г шунка, 120 г кисели краставички (3-4 парчиња), 120 г фета сирење, 1 мала лажичка сол, 1/2 кесичка прашок за печиво (5 г)

рецепт 2




ПОСТАПКА за рецепт 1: Сите цврсти состојки ситно исечкајте ги на помали или поголеми коцки, по желба. Тепсија со пречник 30 см намастете и наросете со брашно, а вишокот истресете го. Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени. Во подлабок сад скршете пет јајца и пенасто изматете ги со миксер додека да згуснат, обелат и да станат кремасти.




Потоа додајте една чаша течен јогурт (200 мл), во истата чаша измерете масло за готвење (180 мл, да не е полна) и додајте во смесата, па две полни чаши бело брашно, една мала лажичка (до една ипол) сол или во зависност по ваш вкус и една цела кесичка прашок за печиво.




Промешајте со лажица додека сите состојки да се изедначат и соединат во хомогена смеса без грутчиња. Потоа додајте ги сите исечкани состојки и уште еднаш промешајте за да се распоредат рамномерно. Смесата излејте ја во приготвената тепсија, распоредете и одозгора сипете сусам, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени.




Питата печете ја приближно 35 минути, но најдобро е да проверите со чепкалка. Можете да ја печете и во помал калап за да добиете повисока пита, но во тој случај печете ја подолго или одозгора прекријте со хартија на средина од печењето. Исечете ја кога малку ќе подизлади, но ако сте нестрпливи, можете да ја јадете и веднаш, додека е топла. Следи постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: обложете го калаопт со хартија на дното, и целиот намастете го со масло. Сите состојки ситно исечкајте ги, а сирењето иситнете го со виљушка. Одвојте ги белките од жолчките и измерете ги сите состојки, а рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени.




Најпрво пенасто изматете ги белките додека да добиете цврст снег, а потоа постепено започнете да ги додавате жолчките една по една, додека непрекинато матите со миксерот. Додајте го маслото во тенок млаз. Потоа тргнете го миксерот и земете лажица. Додајте го јогуртот и промешајте.




Посолете и додајте прашок за печиво, промешајте. Додајте го ситното сирење и промешајте. Потоа додајте ги сите останати исечкани намирници и на крај, малку по малку, додавајте просеано брашно. мешајте со лажицата додека смесата убаво да се соедини.

Излејте во калапот и израмнете. Ставете во загреана рерна и печете 30 минути додека да се формира златножолта коричка. проверете со чепкалка дали тестото е печено во средина, па доколку е потребно, прекријте одозгора со алу-фолија и допечете.

Печената пита оставете да подизлади, па извадете ја од калапот и оставете целосно да се олади пред сечењето. Деталите од првиот рецепт погледнете ги ОВДЕ/ Сооlinarika.сom

Претходна статијаМИНИ ПЕЧИВА ЗА СЕКАКВА ПРИГОДА: Меко и вкусно, полнето си сирење или фил по желба