Со гриз колачите никогаш не може да згрешите од таа причина што сите рецепти се совршено осмислени. Одличниот сооднос на состојките ги прави овие колачи вкусни и неодоливи. Покрај тоа, може да ги направи секој и да си ги дозволи бидејќи се подготвуваат од евтини намирници кои на секоја домаќинка постојано ѝ се наоѓаат во домот.




Првиот колач е нешто слично како баклава без кори или како напредната верзија на арапскиот колач од бајките. Многу вкусно, направете си го уште сега и ќе ви трае и наредните денови, не се суши како другите колачи. Вториот рецепт е уште еден стар колач во низата бабини пити, многу едноставен, интересен и многу вкусен, со крцкава кора и лесен крем од гриз. Еве што ви е потребно.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 2 јајца, 4 шолјички (за кафе) масло, 6 шолјички млеко, 3 шолјички гриз, 5 шолјички брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 1 кесичка ванилин шеќер, 100 г мелени ореви, 100 г суво грозје. ЗА ШЕРБЕТ: 900 – 1000 г шеќер (може и помалку), 1 литар вода, 1 лимон (сок или сечени тркалцa), 100 г ореви за наросување одозгора.

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 2 јајца (изматени), 120 г шеќер, 50 г домашна маст (јас користев путер), 2-3 лажици млеко, 400 г мазно брашно, 1 лажичка сода бикарбона, 1 лажичка прашок за печиво. ЗА ГРИЗ-КРЕМ: 500 мл млеко, 120 г гриз (пченица), 100 г шеќер, 1 кесичка ванилин-шеќер, малку сок и кора од половина лимон по вкус или друг цитрус по ваша желба (портокал).

ВТОР РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Јајцата добро изматете ги со миксер додека да побелат и згуснат, додајте го шеќерот и матете додека да се растопи, па додајте масло, млеко и сите останати состојки за кора. Добро соединетата смеса излејте ја во намастен плех 30х40 см и ставете да се пече во загреана рерна на 180/200 степени околу половина час.




Шербетот се вари околу 15–30 минути на тивко на умерен оган, а пред крајот му се додава сок од лимон или лимон исечен на тркалца. Ладниот колач прелијте го со млак шербет, никако врел, одозгора богато наросете го со ореви и оставете добро да излади 24 часа, па дури после послужете го.




Најдобро е да се чува во фрижидер, кога колачот е добро изладен има супер вкус. Можеби на почетокот ќе ви изгледа дека има премногу шербет, но сè впива и треба да биде доста сочен. Се мери со шолја за кафе.




ПОСТАПКА ВТОР РЕЦЕПТ ЗА СУВОТО ТЕСТО: Од брашното, маста (путер), изматените јајца, шеќерот, млекото, сода бикарбоната и прашокот за печиво замесете лесно, компактно тесто, па поделете го на две топчиња (кори) кои треба да бидат приближно еднакви, може да ги измерите на кујнска вага, за да бидете сигурни во нивната тежина.




Покријте ги со проѕирна фолија двете теста додека да го сварите кремот од гриз, за тестата да не фатат коричка, инаку не стасуваат. Ова е рецепт нешто помеѓу тврдо и ровко тесто. Гризот сварете го во млекото, шеќерот, ванилиниот шеќер, не смее да биде преварен и густ кремот, мора има конзистентност да се премачкува и оставете малку да се излади, одвреме-навреме мешајте го да не се зафати кора.




Во подмачкан плех (калап) развлечете ја првата кора, прелијте ја со варениот гриз, покријте ја со втората кора (да не се „издува“ при печењето кората, лесно избоцкајте ја со вилушка) и печете во загреана рерна на 180 степени, 30 минути.




ВТОР РЕЦЕПТ

Можете да го послужите како топло предјадење, со шолја топло млеко. Во сварениот гриз, ако сакате, можете да додадете малку суво грозје, претходно натопено во рум или сок од лимон (не ставив јас, но се сеќавам дека и баба ми понекогаш додаваше, за гостите на кои им се допаѓаше таа комбинација. / Сoolinarka.сom