Трнинка (lat. Prunus spinosa)

Пишува билкарот Мартин Најдовски. Сè што ве интересира во врска со подробностите околу приготвувањето на лекот, можете да го прашате на неговата фан страница Лилма.

Трнинката е повеќегодишна растение (грмушка), која може да се најде по ридовите и брдата. Нешто слично наликува на растението Глог, па овој период некои луѓе можат да ги помешаат. Цвета во мај-април а плодот зрее и се бере во месец септември-октомври.

Трнинката најоѓа примена во народната медицина. Лековито е целото растение односно плодот, листот, цветот и коренот.
Најчесто и најмногу се користи плодот, нешто помалку цветот и листот а многу ретко, речиси воопшто, коренот.

Ве замолувам да не ја искоренувате билката и да не берете цвет бидејќи наесен таа нема да може да роди плод а со тоа ја уништуваме целата билка.

Листовите и цветовите се користат како чај против зголемена простата и воспаление на мочните патишта. Цветот и листот можат и да се најдат во некои комбинации за слабеење, бидејќи делуваат диуретично.

Плодот кој е кисел поради присуството на витамин Ц се користи при замастување на црн дроб, воспаление на дебелото црево, при проливи (бидејќи содржи и танини кои делуваат стеснувачки), помага кај проблеми со дигестивен тракт и дишни патишта.

Исто така може да помогне кај најразлични грчеви и крварења.
Коренот се употребува за покачена температура.
Плодот можете да го користите и сув но за лекување на одерени болести потребен е свеж.

Бидејќи содржи витамин Ц и железо, плодот може да се користи и кај слабокрвни, за јакнење на организмот и подигање на имунитетот.

Рецепти:

1. За замастен црн дроб: Ако се јаде плодот свеж по 1 рака, секоја вечер после вечера 30 мин, во рок од 1 месец го чисти замастениот дроб. Многу луѓе со кои го споделив овој рецепт си го исчистија нивниот црн дроб.

2. Прашок: Цветови суви сомелени на машинка за кафе, се зема од прашокот на врв на ножот наутро и навечер, 30 мин пред јадење, помага кај болки и проблеми со срцето и црн дроб.

3. Чај од цветови: 5 грама цвет на 250 мл зовриена вода. Се попарува цветот, стои поклопено 20 мин се процедува и се пие по 2-3 шолји на ден 30 мин пред јадење. Овој чај е одличен против хипертрофија на простата и наведените болести во текстот.

4.Чај: еднакви делови лист и цвет се мешаат па 2 супени лажици се прелеваат со 500 мл зовриена вода. Стои 30 мин поклопено се процедува и се пие по 2-3 шолји дневно, за воспаление на бубрези, исфрлање на песок и камен од бубрезите.

5. Чај од суви плодови: се земаат 4 супени лажици суви трнинки, се засекуваат па се ставаат во 1 литар ладна вода. Се оставаат да вријат 5 мин откако ќе зоврие се тргаат настрана поклопено и стои 30 мин. Се пие во текот на денот кај анемични луѓе и за подигање на имунитетот, се пие наместо вода.

За контраиндикации не се знае, но лично јас не би ја препорачал да ја користите долг период, зборувам конкретно за чаевите, бидејќи се диуретички па може да доведе до пад на притисокот и да ги оштети бубрезите. Плодовите можат да се јадат постојано, но за чаевите нека биде тоа пиење 7 дена, па пауза од 3 дена и се така.