Филип Мања, дипломиран лекар по традиционална кинеска медицина, на својот фејсбук профил за пошироката јавност ја откри формулата од лековити билки која се користи за јакнење на одбрамбениот систем против вирусите.

За оваа превентивна формула се смета дека се користи уште од третиот век пред нашата ера, а ја познаваат само оние кои се навлезени во тајните на кинеската традиционална медицина.

Имено, станува збор за билката Сладок корен и за сушен ѓумбир.

Како пример се наведува случајот со една кинеска болница во жариштето на коронавирусот, во која благодарение на оваа формула ниеден лекар не бил заразен, ниту заболувале претходните години од сезонски грип.

Слаткиот корен е најчесто користена билка во кинеските билковни формули порадо хармонизирачкиот ефект. Делува противвоспалително, против вируси и бактерии, отстранува вишок течности од организмот и вишокот слуз која се насобрала во белите дробови.

Слаткиот корен ги “подмачкува” белодробните крила и влијае врз енергијата на слезината и желудникот – наведува тој.

Сувиот ѓумбир има топла природа и ги загрева белите дробови.

Односот на билките мора да биде 2:1 (на пр. 2 лажици сладок корен и 1 лажица ѓумбир).

За едно лице во текот на еден ден се прави околу 450 мл, така што се ставаат две полни кафени лажички сладок корен и една полна лажичка сув ѓумбир во прав. Тоа се става во сад од тежок материјал, а во идеален случај се користи земјен сад.

Сето се прелива со 500 мл вода. Водата се вклучува да проврие, а од моментот на зовривање се остава уште 20 минути да врие на тивко.

Потоа се трга од оган, се тура во шолја половина од течноста и се консумира топло, а остатокот се користи навечер со претходно подгревање пред употреба.

Може да се користи и свеж ѓумбир, но без истиот ефект.

Видеото со негово објаснување можете да го погледнете на овој линк:

Odlična preventivna formula koju možete koristiti za jačanje odbrambenog sistema protiv virusa. U Kini je u…

Публикувахте от Filip Manja в Неделя, 22 март 2020 г.