Откако го открив овој рецепт, сусамките станаа дел од нашата секојдневна рутина. Многу се вкусни и исклучително здрави, особено за деца и постари лица на кои им недостига калциум и минерали за поддршка на коските.

сусамки – рецепт 1




Одлични се со кафе или чај, а децата ги обожаваат за појадок. Понекогаш приготвувам двојна количина, па им носам на мајка ми и свекрва ми зошто и двете имаат остеопороза. Се прават за пет минути, а потоа треба само уште да се испечат, 25-30 минути.

Сусамки – рецепт 2, фото: Чена

Освен овој рецепт, правам и едни други кои ги послужувам како колачи, но за кои освен сусам, потребно е и брашно, путер и млеко. Пробајте ги двата рецепти, нема да се покаете, лесни се, едноставни, здрави и многу вкусни. Еве што ви е потребно:

сусамки – рецепт 1




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 банани и 2 чаши сусам.

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г брашно, 8 супени лажици шеќер, 10 супени лажици млеко, 125 г путер, 2 јајца, 1 кесичко ванилин шеќер (10 г), 1 кесичка прашок за печиво (10 г), сусам по потреба

Сусамки – рецепт 2




ПОСТАПКА за рецепт 1: бананите испасирајте ги со виљушка или ставете ги во блендер. Во пирето од банана додајте прво една чаша сусам, па промешајте додека убаво да се соедини, а потоа додајте и втората чаша сусам, најдобро постепено.




Треба да добиете убава мека смеса, влажна и малку леплива. И, смесата е готова. Плехот обложете го со хартија за печење, па директно врз плехот правете ги облиците, најдобро со специјален прстен за калапење на колачиња.




Прстенот-калап најдобро е да го намстите, но не мора. Полнете ги со смесата и натапкувајте со лажица за да нема празни простори. Откако ќе ги формирате колачите ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени додека да заруменат. Деталите од презентацијата на Дани можете да ја погледнете ОВДЕ, а во продолжение прочитајте ја и постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за втор рецепт: Путерот исечете го нба коцки и оставете го да омекне на собна температура. Потоа пенасто изматете го и додајте му едно јајце. Уште малку изматете додека да се инкорпорира, па додајте го шеќерот и ванилиниот шеќер.




Кога ќе се соединат состојките додајте го млекото и прашкот за печиво, а на крај започнете постепено да го додавате брашното. Замесете со рака додека да добиете убаво мазно тесто кое лесно се обликува.




Од тестото откинувајте парчиња, обликувајте потковици или други облици по желба, па премачкувајте ги со белка и наросувајте ги со сусам. Обложете го плехот со хартија за печење и печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 40-50-тина минути. Ова е рецептот на Чена.