Природен лек од 4 состојки за зајакнување на имунитетот, лекување на анемија и подобрување на состојбата на железо во кр-вта – еве како да го направите сами!

Медот е храна што се користи во природната медицина со векови и се знае дека одлично влијае врз состојбата на имунитет, pH вредност во организмот и може да послужи како алтернатива на белиот шеќер. Овој природен засладувач најдобро се користи во чиста и непреработена состојба за зајакнување на имунитетот.

Лимонот е цитрус со најголема доза на витамин Ц и алкална храна што ја подобрува pH вредноста на организмот, додека семето од коприва е богато со железо, се користи за лекување на анемија, делува детоксикативно и ги чисти кр-вните садови.

Рецепт за природен лек за зајакнување на имунитетот и подобра состојба на железо во организмот

Ставете 4 органски лимони заедно со кората во блендер, само исчистете ги од семето и миксајте додека лимонот да се претвори во каша. На суво сомелете 50 г семе од коприва и 100 г сирови, непечени бадеми.

Лимонот, бадемите имеленото семе од коприва измешајте ги во поголем сад и додајте една тегла мед. Добро измешајте со дрвена лажица додека состојките да се изедначат и да добиете хомогена смеса.

Чувајте го овој моќен природен лек складиран во стаклена тегла обвиткана со алуминиумска фолија, во фрижидер. Употреба: земајте по 1 лажица наутро на празен стомак или 3 помали лажички во текот на денот, во зависност од тоа како повеќе ви одговара.

Железото ќе се апсорбира во к рвта само ако го земете на овој начин

Дневно, нашиот организам апсорбира околу 10 милиграми, што пак е околу 10 проценти од вкупното железо кое се внесува преку храната. Намирници кои се богати со железо се: месо, риба, црн дроб, јајца, цвекло, леќа, спанаќ, грашок…

Значајно е да се истакне дека 85 проценти од железото кое го внесуваме во организмот е таканаречено – нехемиско железо, односно тоа е железото кое се внесува преку растителните и млечните производи. Останатите 15 проценти отпаѓаат на хемиското железо, кое го примаме преку рибата и месото.

Важно е да се напомене дека хемиското железо има два до три пати поголема апсорптивна моќ од нехемиското железо, па така, доколку е пореметена рамнотежата во исхраната може да настане анемија.

Ќе напоменеме дека супстанции кои ја поттикнуваат апсорбцијата се витаминот Ц и цитратите, но има и инхибитори, кои ја оневозможуваат апсорпцијата, а тука пред се треба да се спомене кофеинот.

Па така, кога е присутна анемија и кога додаваме одредени суплементи во исхраната за покачување на железото, треба да се внимава, да не се комбинираат суплементите или храната богата со железо заедно со инхибиторите како што е кофеинот, целулозните влакна и.т.н.

Можеби е најдобро железото, доколку се внесува како суплемент, тоа да се прави навечер, два до три часа по последниот оброк.

Која храна ја спречува:

Млеко – протеинските агрегати значително го намалуваат доставувањето на железото во кр-вта. Кравјото млеко содржи мали количини на железо, но неговата апсорбција е многу лоша. Карбонатите и фосфатите од млекото исто така претставуваат пречка во апсорбцијата.

Црвено вино, кафе, чај – танините од чајот и кафето, како и танините од црвеното вино го б.локираат искористувањето на железото. Имено, виното содржи одредено ниво на железо, но уште поголема количина танини кои ја оневозможуваат неговата искористливост, но и искористливоста на железото од целиот оброк. Па така, онаа изрека – виното ја зајакнува кр.вта – не важи кога станува збор за анемија, за жал.

Производите од соја – протеините од соја. Оксалатите, фосфатите и полифенолите од зеленчукот – со железото градат нераскинлива врска, поради која нема апсорпција на железото.

Житариците со цело зрно (интегрални житарици) – фитатите од житариците со цело зрно ги врзуваат минералите, па и железото, градејќи нераскинлива врска.

Која храна ја подобрува апсорпцијата:

Витамин Ц – покрај бројните функции, ја има и оваа. (Присутен во агрумите како: лимони, портокали и други цитруси, пиперки, брокула, спанаќ, компир…).

Шеќери и аминокиселини – фруктозата и одделните аминокиселини ја подобруваат апсорбцијата. (Присутни во: овошје, зеленчук, мисиркино месо, домашни јајца, јаткасти плодови, чиа семе, тиква и семки од тиква…).

Фолна киселина – нема директна поврзаност со железото, но го помага создавањето на црвените кр-вни зрнца (присутна е во темно зелениот лиснат зеленчук, помеѓу останатото, аспарагус, брокула…).

Jay Dodge / Flickr.com