Рецепт и видео презентација на Кристална кујна – “Сите ми го бараат за оваа лисната погача со сирење, феноменална е”. Можат да ја приготвуваат и почетници во кујната, бидејќи постапката е многу едноставна. Кога еднаш ќе ја пробате, многу често ќе ја има на вашата трпеза.

Потребни состојки: 550 г меко брашно, 200 мл вода, 1/2 коцка свеж квасец, 5 лажици масло, 2 цели јајца, 2 лажички сол, 1 лажичка шеќер. За премачкување: 100 г путер или маргарин, 300 г сирење по избор, 3-4 лажици јогурт и сусам за наросување одозгора или семки по избор.

Постапка: Во еден подлабок сад за месење ставете топла вода, па додадете шеќер и издробете го квасецот. Додадете и три лажици брашно па добро промешајте за да се растворат шеќерот и квасецот и да нема грутчиња од брашбото. оставете 10-тина минути додека да запени.

Кога квасецот ќе се активира, додадете ги двете јајца претходно отстојани на собна температура (да не се ладни), маслото, солта и постепено започнете да го додавате брашното. на крај замесете го тестото со рака, да биде доволно меко и еластично, а да не се лепи на рака.

Кога замесувате меко тесто, секогаш брашното додавајте го малку по малку и постепено мешајте, бидејќи секогаш зависи од самото брашно колку ќе впие влажност, па може да се случи да ви треба малку помалку или малку повеќе од 550 г, како што е наведено во рецептот.

Тестото покријте го и оставете го да одмора 15-тина минути. потоа формирајте го валјак или вам како ви е послесно за да го поделите на 12 еднакви делови. Секое парче тесто фино премесете го и обликувајте го во вид на топче.

Секое топче тесто со помош на оклагија развлечете го во кора со величина на голема чинија, а преку целата површина секоја кора премачкајте ја со растопен путер. Наросете и издробено сирење по желба (може да користите урда, младо сирење или нешто по ваш вкус).

Корите редете ги една преку друга, а последната кора само развлечете ја со оклагијата и префрлете ја преку останатите. Вака наредената погача префрлете ја во добро намастена тркалезна тепсија или калап или само обложена со хартија за печење.

Погачата исечете ја на коцки или триаголници.Одозгора премачкјате ја со 3-4 супени лажици густ јогурт или неутрална телна павлака претходно загреана на собна температура и обилно наросете со сусам доколку сакате, а и не мора (или семки по ваш избор).

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу половина час. Кога е печена одозгора премачкајте ја со малку растопен путер или масло за готвење. Целата постапка за приготвување на погачата со сите детали можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.