Сочувајте го оригиналниот рецепт за македонски пинџур, бидејќи според неговите упатства ќе ја направите највкусната зимница! Познатата готвачка Валентина Машковиќ од Србија во една од своите најнови презентации рече:

„Нашите соседи во Македонија се познати по својата феноменална кујна, а ни најголемите гурмани не можат да одолеат на нивните специјалитети! Зимата за нив е посебна приказна, а сите домаќинки ги бараат нивните рецепти, затоа пред вас го имате традиционалниот македонски начин на правење пинџур.“ Еве што е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 кг црвен пипер, 1.5 кг модар патлиџан, 1.5 кг домати, 150 г лук, 200 мл масло, 250 г лути пиперки, по 1 лажица шеќер и сол

ПОСТАПКА: Модрите патлиџани, пиперките и доматите испечете ги, излупете ги и сомелете ги во мелница за месо. Исто како и за ајварот, во поголемо тенџере се става маслото да се загрее и се додава мелениот зеленчук.

Додека сè полека се крчка, додајте сол, шеќер и сечкан лук. Оставете го да се крчка на тивок оган 10-15 минути. Кон крајот додајте ги лутите пиперки кои претходно малку сте ги потпекле, но внимавајте да не се распаднат, треба да останат цели.

 

Топлиот пинџур истурете го во топли, стерилизирани тегли, веднаш затворете ги и превртете ги наопаку за да се вакумираат и оставете ги да се изладат преку ноќ. Но, најдобро е постапката да ја погледнете во видеопрезентацијата на Валентина ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Т’ЛЧЕН ПИНЏУР – мераклиска македонска салата“, рецепт на Снежана Бошкова – ОВДЕ.

Т’ЛЧЕН ПИНЏУР – мераклиска македонска салата