Започнува како настинка, а потоа следува хорор…

Од 7 јануари кога се појави коронавирусот во Кина, бројот на починати секојдневно расте. Вирусот во еден миг делува како најобична настинка, а во следниот се пренсува од човек на човек, за да на крај предизвика повеќе смртни случаи. Болеста поминува низ бројни етапи, а нејзина цел се белите дробови.

ЗАПОЧНУВА СО НАСТИНКА

Симптомите, според зборовите на експертите, не се до крај одредени и прецизно дефинирани, бидејќи текот на болеста и натаму е непредвидлив. Она што е заедничко – е дека започнува од настинка.

-Вирусот корона предизвикува настинка. Од тоа не се умира. Настинката подразбира иритација на носната слузокожа, во прв момент, како и на грлото – објаснува епидемиологот д-р Зоран Радовановиќ.

Тој истакнува дека периодот на инкубација сè уште не е познат, но ако се послужиме со искуствата кои претходно сме ги имале со САРС и МЕРС, тој период трае просечно 5-6 дена, а најдолгото растојание изнесува од 2 до 10 дена.

Некои кинески експерти велат дека инкубацијата може да трае и до еден месец.

РИЗИЧНИ ГРУПИ

Во ризични групи спаѓаат луѓето со ослабен имунитет, децата и старите лица кај кои се забележуваат симптоми слични на пневмонија и бронхитис.

СЕ СПУШТА НА БЕЛИ ДРОБОВИ

Што се случува кога болеста ќе се прошири?

-Многу зависи од самиот вирус дали ќе продолжи да се шири или ќе остане само на настинка. Ова не зависи од самиот пациент, бидејќи не постои лек за оваа болест – вели Радовановиќ и истакнува дека целта на коронавирусот се белите дробови.

Како што тој понатаму објаснува, вирусот корона во следниот стадиум се спушта на белите дробови предизвикувајќи сериозно воспаление. Ова воспаление на крајот доведува до откажување на овој орган и смрт на пациентот.

Како еден од причините за трагичниот крај се наведува и отежнатата работа на црниот дроб и откажување на работата на бубрезите.

ОТКАЖУВААТ ЕДЕН ПО ЕДЕН ОРГАНИТЕ

-Тоа е многу возможно, бидејќи од моментот кога белите дробови ќе започнат да откажуваат, доаѓа до пореметување на функцијата на целиот организам, па еден по еден орган откажуваат – заклучува д-р Радовановиќ.

За сега, истакнува тој, некои од проценките покажуваат дека овој вирус е помалку опасен од неговите “браќа” САРС и МЕРС, бидејќи засега смртноста е помала.

-За САРС смртноста неше 10% од заразените, што е околу 800 луѓе. Кога МЕРС двапати во 2002 и 2012 година се рашири низ светот, смртта беше од 35 до 37% – вели Радовановиќ и нагласува дека смртноста на коронавирусот засега е помала и изнесува околу 2%.

ПРЕПОРАКИ

Се препорачува граѓаните да ги откажат или одложат патувањата во Кина. Доколку тоа сепак не е можно, се препорачуваат следниве мерки:

-одбегнување на контакт со лица кои имаат знаци за респираторни инфекции;

-избегнување на масовни собирања и престој во отворен или затворен простор каде голем број лица;

-почеста хигиена на рацете (миење со вода и сапун најмалку 20 секунди и користење на дезинфекциони салветки);

-носење на заштитна маска преку уста и нос;

-држење растојание со други лица, покривање на устата и носот при кашлање и кивање;

-одбегнување на контакт со живи и мртви диви и домашни животни.

Патниците кои се враќаат од зафатените подрачја со овој вирус, задолжително треба да се јават на лекар доколку имаат знаци на инфекција на органите за дишење, со напомена за патувањето.