Фото и рецепт: Марика Стаменковиќ

Се мери со шолја од 200 мл

Потребни состојки:

1 шолја пченично брашно
1 шолја пченкарно брашно
1 прашок за печиво
1 шолја млеко
1 шолја масло
300 г сирење помалку масно
200-300 г обарен спанаќ

Постапка:

Во подлабок сад ставете една шолја пченично брашно, шолја пченкарно брашно и прашок за печиво, па убаво промешајте.

Потоа додадете една шолја млеко и една шолја масло, па повторно промешајте.

Во смесата додадете издробено 300 грама сирење, но подобро е тоа да биде помалку масно за да остане во грутчиња после печењето. Додадете и околу 200-300 г претходно обарен спанаќ.

Убаво промешајте за да се хомогенизира смесата, па излејте ја во претходно намастена и набрашнета тепсија со помала величина. Печете на 200-220 степени додека да добие златножолтеникава боја.

Фото и рецепт: Марика Стаменковиќ