Најдобриот одмор е промена на активностите – за да одморите од една задача, започнете со вршење на некоја друга, вели д-р Углов.

Системот од секојдневни активности кои ја одржуваат енергичноста и виталноста на организмот, подразбираат одрекување од ал-ко-хол, умерена исхрана и 100 клекнувања („клекови“) секојдневно. Ова е тајната за долговечност на рускиот хирург Фјдор Г. Углов, кој својот систем за одржување на здрав организам го испроба на себеси и го дочека својот 104.роденден.

Овој професор, доктор на науки и писател, бил еден од најстарите хирурзи кој до крајот на својот живот активно работел на својата професија, сечел дрва, чистел снег, ги извршувал домашните задачи и редовно се занимавал со изработка на дрвенарии во својата столарска работилница.

„Мојата баба има 100 години и секој ден вежба“

Бидејќи во раната младост прележал неколку заразни болести, во текот на животот тој бил упорен во намерата да го исполни својот живот со здрави животни навики, но и со природно лекување. Долги години трагање по лекот за долговечност, најпосле резултирало со дефинирање на „системот“.

Овој систем за долговечност му овозможул на д-р Углов да живее 104 години, задржувајќи ја притоа енергичноста, активноста и машката сила. Името на овој руски лекар може да се најде во Гинисовата книга на рекорди, каде му е доделено местото како на еден од најстарите практиканти по хирургија.

„Мојата баба има 100 години и секој ден вежба“

Заборавете на ал-ко-хол. Д-р Углов не консумирал ал-ко-холни пијалаци. Покрај тоа, никогаш не користел медицински лекови кои во својот состав содржеле ал-ко-хол. Не уверувањата дека и една чаша добар пијалак нема да му наштети на организмот, одговарал дека не чувствува потреба за ал-ко-хол.

Исто така, бил многу одговорен човек и сфатил дека негова должност е секогаш да биде подготвен, бидејќи во секој миг може да биде повикан на некоја сериозна опера-ција, при која мора да биде апсолутно трезен за да биде успешен.

Исхраната мора да биде умерена. Овој истакнат хирург како дете растел во повеќечлено семејство, па секогаш имало недостиг од храна. Така, уште во раното детство научил дека треба да јаде доволно, а сепак сè уште да чувствува малку глад, што одговора на физиолошките закони.

„Мојата баба има 100 години и секој ден вежба“

Кон ова правило се придржувал до крајот на својот живот. Покрај тоа, д-р Углов не следел строги диети како повеќето стогодишници. Јадел сè, но малку по малку и тоа само во мали порции.

Секој ден по сто клекнувања. Сè до последниот ден хирургот изведувал клекнувања, кои многумина ги сметаат за главни вежби кога станува збор за здравјето на долниот дел од телото, нозете, зглобовите на нозете и задни-кот. Погледнете го видеото „Мојата баба има 100 години и секој ден вежба“ – ОВДЕ.

„Мојата баба има 100 години и секој ден вежба“

Овој руски доктор тврдел дека клекнувањата овозможуваат „перење“ на сите органи и зглобови со ткивната течност, што придонесува за одржување на здравјето на зглобовите и подобрување на исхраната на сите органи и комплетниот систем на долниот дел од телото.

ИКИГАИ. Главните услови за долговечност на стогодишниците од јапонскиот остров Окинава биле следење на здравиот живот и целта на животната филозофска идеја која се нарекува икигаи. Кон оваа животна цел се стремел и професорот Федор Углоф, кој својот живот го прилагодил кон оваа филозофска идеја.

„Мојата баба има 100 години и секој ден вежба“

Хирургот секогаш имал многу интересни планови за надградување на знаењето и практичните активности. И секогаш тежнеел кон освојување на нови подвизи во својата одговорна професија. Својот 100.роденден го дочекал извршувајќи уште една опе-ра-ција.

Инаку, како дете преживеал низа сериозни заразни болести, кои во тоа време биле честа причина за см-рт. Заразен со тифусна грозница и туфус, пател од воспаление на бели дробови, тешко воспаление на средното уво. Потоа преживеал блокада во Ленинград.

„Мојата баба има 100 години и секој ден вежба“

КРЕАТИВЕН ПРИСТАП КОН ЖИВОТОТ. Д-р Углов сметал дека најдобриот одмор е промената на активностите. Повеќе од сто години работел на своето „бој-но поле“ и никогаш не потклекнал пред помладите колеги. Иако деснорак, мајсторски ја совладал уметноста на рамноправнота работа со обете раце, што често спасувало многубројни пациенти со најтешки опе-ра-ции на мозокот.

Силна ментална активност. Професорот до крајоит на својот живот ја задржал енергичноста и апсолутната јасност на умот. Тој не знаел што е тоа сенилна деменција, туку активно се занимавал со бројни научни активности, пишувал книги, ги проучувал најновите случувања од областа на хирургијата.

„Мојата баба има 100 години и секој ден вежба“

„Прави само добро. За жал, злото се случува само од себе“. Ова се зборовите на д-р Углов кои честопати ги користел во животот и како совет ги делел на луѓето околу себе и на своите пациенти. Во текот на годините изврши повеќе од десец илјади опе-ра-ции.

Луѓето се молеле за негово здравје и му посакувале само добро. Таквата силна енергија секогаш му помагала да го одржува доброто расположение, што дополнително му придонело за добро здравје на целото тело.

„Мојата баба има 100 години и секој ден вежба“

ЉУБОВ КОН ТАТКОВИНАТА. Покрај тоа, д-р Углов верувал дека за неговата долговечност е заслужно неговото семејство, сознанието дека е сакан и дека е потребен. Бил голем патриот и верувал дека самото вклучување во работа за неговата држава дава силни корења и поттик за развој.

Тврдел дека за мажите најдобрата вежба е физичката работа. Тој до последно сечел дрва, редовно го чистел снегот, ги извршувал домашните задачи и работел во својата столарска работилница.

„Мојата баба има 100 години и секој ден вежба“

Континуирано вајање на телото. Професорот во текот на животот се придржувал до исправен начин на живот, се бањал надвор, од првите денови од пролетта, па до најстудените денови влегувал во замрзнатото езеро и нуркал во ледената дупка. Тоа му помогнало никогаш да не настине.

ЗАШТИТА ОД СТРЕС И ЛОШИ МИСЛИ. Темел на долговечноста, според професорот, е заштита од стресот. Углов сметал дека секогаш треба да се заштити срцето од лоши мисли, а да не се попушта во омаловажување. Дури ни во најтешките ситуации не треба сами себе да се „поткопувате“, туку поскоро да побарате излез од нив, тврдел д-р Углов.

„Мојата баба има 100 години и секој ден вежба“