(ПОСНИ) СПИРАЛНИ СТАПЧИЊА…Со денови остануваат свежи и уште повкусни…Никој не запира на само едно… Рецепт и фотографии на Верица Николиќ. Еве што ви е потребно:

рецепт и фото: Верица Николиќ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

600 г брашно
200 мл масло
200 мл бело вино
1 кесичка прашок за печиво
2 лажички сол
60 г мелено семе од афион
60 г семе од сусам

За премачкување на тестото:
за мрсна варијанта 1 јајце
за посна варијанта: масло/растопен маргарин/посен мајонез

рецепт и фото: Верица Николиќ

ПОСТАПКА:

1. Во сад за матење измешајте ги брашното, прашокот за печиво и солта. Направете бунар во средината на брашното и додајте масло и бело вино. Замесете тесто.

Тестото веднаш ставете го на набрашнета површина, посипете го со брашно и развлечете го во правоаголна кора со дебелина од околу 6-7 мм.

Намачкајте ја кората со посен мајонез (или изматено јајце), а потоа посипете сусам по целата површина (погрижете се да не оставите празен простор) и нежно тапкајте ја со раката за да се залепи за кората.

За полесно превртување на тестото, поделете го на половина по должина, а потоа вертикално, па на 4 дела. Ќе биде многу полесно да се преврти парче по парче отколку да се преврти целата кора одеднаш.

Превртените делови од кората повторно премачкајте ги и посипете ги со мелен афион. Со раката потапкајте одозгора за да се залепат за тестото.

2. Исечете ленти широки 1,5-2 см. Земете ја секоја лента и извртете ја неколку пати за да формирате спирала. Стапчињата наредете ги во плех (ќе ви требаат два плехови) обложен со хартија за печење.

Стапчињата печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути, само додека малку да поруменат.

3. Направив двојна мерка од стапчиња. Вториот пат, наместо мелен афион, ставив 50 г лут пипер (ако не сакате пикантен, користете сладок пипер). Постапката е иста како кај стапчињата од афион.

рецепт и фото: Верица Николиќ